Што да направите пред брак?
И покрај личните желби, има 20 општи нешта што секоја девојка треба да ги направи пред да стане сопруга. Погледнете го списокот и откријте уште...
...колку треба да доживеете пред да се одлучите за брак:
1. Да живее сама барем една година.
2. Да живее со партнер барем една година.
3. Да се опорави од скршено срце.
4. Да има летна авантура.
5. Да има незаборавно летување со другарки.
6. Да ужива спиејќи во брачен кревет сосема сама.
7. Да биде финансиски независна.
8. Да научи да го сака своето тело.
9. Да има секс со барем една личност со која никогаш не би сакала да се омажи (ниту да го запознае со родителите).
10. Да си најде сигурна контрацепција.
11. Да ги истера сите демони од минатите врски.
12. Да отпатува на егзотично место.
13. Да има отидено на неколку навистина лоши први состаноци.
14. Да била слободна барем шест месеци (Влегување од врска во врска значи дека сами себе не сте си доволно друштво).
15. Да организира голема забава за широк круг пријатели.
16. Да има барем едно гооолемо пијанство (три дена главоболки, дупки во меморијата... Си знаете вие :) )
17. Да им прости на своите родители што не биле совршени.
18. Да има хоби и занимација што ја исполнува.
19. Да создаде нераскинливи пријателски врски.
20. Да го прослави 25-от роденден.
Како би го дополниле вашиот список?