8 правила кои не важат во современите бракови
Сигурно сте слушнале за многу стари правила за бракот кои доколку се прекршат ќе дојде до развод. Денес тие правила скоро и не важат. Дозволено да ги прекршите, а сепак да останете во брак.
Тешка караница доведува до развод
Доколку се скарате со партнерот како никогаш досега, не мора да значи дека ќе се разведете. Секоја караница може да се надмине доколу постои љубов и двете страни се подготовени да направат компромис.
Не смеете да спиете во различен кревет со партнерот
Ова е едно од правилата кои исто така смеете да го прекршите. Во ред е понекогаш да одвоите време за себе и да спиете сами.
Летен одмор со семејството
Не е морално секое лето да одите на одмор со семејството или сами со партнерот. Во ред е да заминете со вашите пријатели и да го оставите брачниот живот да ви здивне одреден период. Кога ќе се вратите бракот ќе ви биде обновен.
Не си легнувајте налутени
Сигурно имате слушнато за изреката - Не легнувај налутен, остани буден и карај се.
Но, понекогаш е подобро да заспиете налутени, можеби изутрина ќе сватите дека причината за караница и не била толку страшна и вредна за вашето внимание.
Имајте исто хоби
Доколку правите се заедно со партнерот, а во тоа спаѓа и делење на исто хоби, може да ви се досади. Голема е и веројатноста да дојдете во ситуација кога на заедничкото хоби ќе почнете да гледате како обврска.
Прекршете го ова правило и најдете хоби кое ви причинува задоволство само вас. Така ќе бидете во позиција да си ги средите мислите и да му дадете простор на партнерот да се забавува сам.
Не го задушувајте со информации
Не е потребно вашиот брачен партнер да знае за вашата симпатија на работа или непотребно потрошените пари на парче облека која ви го привлекло вниманието на излогот. Зачувајте некои информации само за себе и уживајте во вашата приватност.
Без пријатели од спротивниот пол
Кога ќе стапат во брак многу од паровите се одделуваат од своето друштво. Понекогаш и се случува да си забрануваат дружење со личности од спротивниот пол. Тоа е погрешно бидејќи со самото забранување партнерот се оддалечува од вас.
Имајте доверба во вашиот партнер и пријателството помеѓу спротивните полови.
Секс пред брак
Ова правило веќе одамна се прекршува и не претставува никаква пречка за стапување во брак. Девојките и момците денес се послободни отколку во минатото и си дозволуваат секс пред брак.
Ова е едно од најслатките правила кои смеете да го прекршите.
Се сетивте ли на уште некое правило кое смее да се прекрши пред стапување во брак?