Сексот на филм е нереален
Доживуваат оргазам заедно, изгледаат сјајно, нема кондоми...познато ви е? Немојте да го споредувате сопствениот сексуален живо со совршените...
...еротски сцени кои ви ги сервира Холивуд.
Најголемите бесмислици кои можете да ги видите во филмовите, а кои не би требало да ги земете здраво за готово се следните:
1. Жените доживуваат оргазам за неколку секунди
На најголем број од жените им е потребна предигра како и стимулација на надворешните полови органи.
2. Во секој од нас се крие стриптизер кој чека своја прилика
Не секој изгледа секси кога ја соблекува облеката, се бори со долниот веш и чорапите.
3. Водењето љубов на неприкладни места возбудува највеќе
На нормалните луѓе им е ладно на дожд, а сексот на клавир, скали или железничка станица не само што е неудобен, туку може и да резултира со повреди и разни инфекции.
4. Партнерите доживуваат оргазам заедно
Ова во реалниот живот се случува многу ретко.
5. Никој не користи кондом, дури и кога се работи за секс за една ноќ
Кога еднаш би се појавил Бред Пит како навлекува кондом можеби и на обичните смртници тоа би им станало нормално.
6. За време на сексот сите изгледаат сјајно
Ако е сексот добар, луѓето се испотени, расчупани и зацрвенети.
7. Сексот е најдобар во стоечка поза
Во реалносто е мошне неудобно.
8. Еротски е да јадете во кревет
При користење на чоколаден прелив најголем број луѓе би помислиле на маката која ќе ја имаат да ја исперат постелнината.