5 знаци дека е задоволна од вашите секс вештини
На секој вистински маж женското задоволство му е на прво место. Затоа, замислете се малку и откријте колку всушност вашата девојка е среќна со она што и го овозможувате во креветот.
Женското задоволство не е работа за која отворено се зборува, барем не пречесто.
Сепак, има најмалку 5 знаци со кои може да го откриете нејзиното задоволство, без ништо да ви каже.
Свесна е за својот сексапил
Кога жената е задоволна од сексуалниот живот, тоа не може да се сокрие. Нејзината самодоверба е на највисоко ниво, исто како и нејзиниот сексапил.
Големината не е важна
Важна е техниката, не големината. Ако ова е нејзиното сексуално мото, верувајте дека си ја вршите работата правилно.
Не, не е тешење, напротив. Доказ е дека имате многу техники кои се поважни и подобри отколку бројката.
Има желба за секс
Ако сексот е добар, ќе сака повеќе. Ако не, нема ни да го спомне. Работите понекогаш се едноставни, дури и со жените.
Ужива во сексот и без оргазам
Оргазмот е машката цел во сексот. Но, жените знаат да уживаат и без него. Со други зборови, доведувањето на партнерката до оргазам не е единствен начин на кој може да ја задоволите.
Кога сака секс, отворено ви кажува
Веќе ви е јасно дека жената ќе сака секс, само ако тој е одличен. А, ако има храброст да побара уште една партија? Бидете горди на себе!