Направете си секс календар
Верувале или не, ако започнете да водите евиденција за секој секс кој сте го имале, постои голема шанса вашиот љубовен живот да процвета!
Колку пати имавте секс во 2013 година? Ако не водите евиденција, можеби време е да започнете.
На друштвената мрежа Reddit еден маж храбро го сподели својот секс календар.
Тој одлучил да започне со запишување на сексуалните активности со својата сопруга. Во обид да биде што поприроден, цела година го криел планот од жената, додека експериментот не бил готов.
Ова се финалните резултати:
1. Биле заедно 14 години, од кои 6 во брак и добиле 2 деца.
2. Во просек имале секс секој трет ден.
3. Сексот во главно го практикувале во недела.
4. Најдолгата низа на редовен секс бил 4 дена, а најдолгото апстинирање било полни 12 дена.
Откако неговата жена ги видела резултатите, 119 пати секс во 2013 година, прво што рекла е дека мора оваа година да го надминат тој резултат!
Ако мислите дека се исплати, не чекајте ниту ден повеќе. Уште денес започнете го вашиот секс календар!