-->
Не смееме да дозволиме да изумре романтиката. Тоа е волшебната состојка што ја одржува страста во долгите врски, што го зголемува уживањето од ден...
... во ден и што дава подобра нијанса на боите од секојдневието.
-->
Еве ги најголемите митови за романтиката чие побивање ќе би даде поттик да го развиете својот талент за романтика.
1. Нема разлика меѓу романтика и секс
Апсолутно погрешно! Романтиката, во најмала рака, може да одведе до секс. Ако глумите романтика само за да дојдете до секс тогаш се лажете и себе и партнерот. Романтиката може да се сфати како еден вид ментална предигра. Романтичните гестови ви помагаат да му кажете на партнерот што чувствувате и дека сте подготвени да ги поделите своите емоции.
2. Романтиката исчезнува во долга врска
Во ред, работата, пријателите, децата, вашето хоби... Сето тоа одзема време и понекогаш изгледа дека нема веќе простор за романтика. Но не дозволувајте да заборавите дека романтиката го одржува она незаменливо убаво чувство што нема да ви го донесе ниту еден деловен успех.
Романтиката нема само да придонесе повеќе да го засакате партнерот, туку и животот!
3. Потребни се пари за да има романтика
Воопшто не. Романтиката не се состои од огромни скапи букети и торти, туку од исполнување ситни желби, давање симболични подароци и опсипување со убави гестови. Вие најдобро го знаете својот партнер, па ќе знаете дали романтиката ќе ја оживеете со комплимент за неговиот изглед, со нудење помош во извршување на некоја обврска или со масажа пред спиење.
4. Романтиката бара многу време и труд
Некои планови бараат повеќе време за осмислување, додека други може да се направат за само неколку минути. Не треба многу време и труд да се напише убава порака, да го изненадите партнерот со телефонски повик и неколку убави зборови, да ја пуштите неговата/нејзината омилена музика додека вечерате...
5. Романтиката бара многу подготовка
Најдоброто нешто за романтиката е што е субјективна колку и љубовта на секој различен пар. Не постојат магични фотмули што се успешни за сите, па така вие може да следите општи насоки и да ги поврзете со личните потреби и можности. Направете ги вашите романтични гестови онолку едноставни или сложени колку што ви дозволува слободното време.
6. Романтиката е женска тема
Ова е толку смешен мит, но за жал може да ја уништи целата врска. Нема потреба мажите да се срамат од искажување на своите чувства и угодување на својата партнерка.
7. Доволно е букет цвеќе
Не само што не е доволно, туку е безлично клише. Да, повеќето луѓе сакаат цвеќе, но ако веќе се решите за вакво нешто не купувајте црвени рози, туку омиленото цвеќе на партнерот, не земајте букет, туку саксиско цвеќе што подолго ќе живее.
И подарете го цвеќето без повод, однесете го партнерот на местото каде прв пат сте се бакнале и таму подарете му цвет или оставете го цвеќето со картичка што лично ќе ја напишете на маса со подготвен појадок што партнерот ќе го види откако вие веќе сте излегле од дома. Мали подобрувања на основниот концепт даваат многу поголем ефект.
8. Или ве бива или не
Романтиката не треба да се одглуми. Но тоа не значи дека не може да се доучи и подобри. Пронајдете совети од вакви статии, од книги или филмови и прилагодете ги на она што сакате да го покажете и на она што вашиот партнер сака да го добие, види или слушне. И што е најдобро - кога партнерот ќе го забележи вашиот нов талент за романтика сигурно ќе ви возврати.
9. Доволно е да кажеш „Те сакам“
-->
-->
Делата се поважни од зборовите, но едно искрено „Те сакам“ никогаш не е на одмет. Важно е да го мислите она што го кажувате и да правите работи што ќе ја докажат вистинитоста на двата волшебни збора. Понекогаш кажете го, а понекогаш напишете го, на пример на обично ливче што ќе го залепите на огледалото во wc.
-->
Сигурно сте се сетиле да го закачите на фрижидер, но што мислите за ливче залепено на чепкалка и забодено во некое од јадењата во фиржидерот. Размислете и ќе најдете уште многу креативни начини да ја искажете својата љубов.
10. Романтиката е за Свети Валентин и годишници
Најмалку е за тоагаш кога се очекува. Романтичните идеи многу повеќе воодушевуваат и се паметат ако се случуваат во текот на целата години, особено тогаш кога нема друг повод освен љубовта!
Би можело да ве интересира:
-->