Шест митови за забременувањето со кои се лажеме
Сите парови не размислуваат многу за затруднувањето. Некои само чекаат природата да го направи своето.
Од друга страна, некои парови купуваат средства за одредување на плодните денови, го планираат сексуалниот однос врз основа на деновите на овулација, но и покрај сето тоа некои жени не можат да останат трудни.
1. Треба да имате секс на 14. ден од месечниот циклус ако сакате да останете бремени
Веројатно сте слушнале дека повеќето жени овулираат на 14. ден од циклусот. Тоа едноставно не е вистина. Оваа теорија се заснова на календарскиот метод за предвидување на овулацијата.
Ако имате совршен циклус кој трае 28 дена, каде другата половина на циклусот трае точно 14 дена, веројатно овулирате околу 14 дена. Но, повеќето жени немаат совршен циклус, па дури и жените кои имаат редовен циклус обично не овулираат точно во исто време секој месец.
2. Треба да имате секс 24 до 72 часа по овулацијата
Постојат извесни забуни околу тоа кога треба да имате сексуален однос ако се обидувате да забремените. Овде многу парови грешат бидејќи имаат секс само тогаш кога мислат дека жената овулира или по овулацијата. Постојат два проблема со оваа стратегија, првиот е кога јајце клетката овулира, таа преживува само околу 12 до 24 часа после тоа, а не 72 часа.
Ако немате однос до денот на овулација, може да си дадете само 12 часа за да забремените. Сперматозоидите може да живеат и до пет дена, така што важно е да имате секс пред, а не по овулацијата. Идеално би било да имате однос ден или два пред овулацијата.
Другиот проблем се состои во стратегијата што многу жени не можат да знаат кога овулираат. Ако не сте сигурни или ако погрешно го одредувате денот може да се случи да имате секс во потполно погрешен ден. Редовниот секс од три пати неделно е еден од најдобрите начини за да бидете сигурни дека имате секс во вистинско време.
3. Најплодни сте на денот кога вашата телесна температура се зголемува во однос на другите денови
Следењето на телесната температура е одличен начин за да ја утврдите овулацијата, но тоа не е најдобриот начин за да ја предвидите овулацијата.
Во време кога ќе забележите пораст на температурата, тоа значи дека веќе сте овулирале. Овој метод исто така може да биде корисен за откривање проблеми со неплодноста.
4. Неплодноста е неизлечива или прескапа за лечење
Многу парови погрешно веруваат дека се неплодни. Ако не сте забремениле после година дена обидување треба да побарате совет од доктор. Ако имате нередовни менструални циклуси или забележувате дека не овулирате, исто така треба да консултирате доктор.
Иако некои методи за лечење на неплодноста се скапи, има и такви што не се или некои што ги покрива здравственото осигурување.
5. Треба да имате секс колку што можете почесто да овулирате
Тоа нема да ви штети, но дури и ако имате секс цел ден кога мислите дека ви е ден за овулација, може да не забремените. Во секој циклус имате околу 20% до 30% шанси за да забремените.
Една од најголемите грешки на паровите кои се обидуваат да водат љубов во еден ден кога сметаат дека овулираат, а сепак кај некои жени не може точно да се одредат плодните денови.
Решение е да имате редовен секс три до четири пати неделно во текот на целиот месец.
6. Генерално жените се тие кои имаат проблеми со плодноста. Мажите ретко имаат проблеми со тоа.
Од некоја причина, жените се склони да мислат дека само мажите кои употребуваат дрога или се импотентни имаат проблем со плодноста. Тоа не е вистина.
Неплодноста е проблем кој може секого да го погоди подеднакво и мажите и жените. До 40% неплодност во врска со машкиот фактор, 40% женски фактор и 20% комбинација од машки и женски фактори.