Развод: Болен крај или нов почеток?
За многумина крајот на бракот е како смрт, крај на светот период кога поминуваат низ страшни емоционални фази од анксиозност, тага, депресија, лутина. Има неколку фази и реакции кои даваат знаци за состојбата пред и за време на разводите, како да ги препознаете и да продолжите понатаму.
Фаза 1
Тензија пред крајниот удар
Караниците и тензиите пред разводот се честа појава која најчесто се објаснува со причини кои се надвор од бракот, како проблеми на работа, недостаток на пари и слично. До моментот кога ситуацијата ќе стане толку сериозна и на глас ќе споменете развод и адвокат. Тогаш сте сфатиле дека тоа е неопходно решение или токму тогаш почнувате да се соочувате со проблемот.
Психолозите објаснуваат дека кај сопружниците често постои желба своите лоши односи да ги правдаат со „тешка фаза“ после која работите ќе се влошат. Таа тешка фаза е всушност илузија која ги спречува сопружниците да ги согледаат проблемите на вистинскиот начин и да ги прифатат такви какви што се.
Фаза 2
Чувствувате недостаток на верба во себе
После разводот на ред доаѓа преиспитувањето на сопствениот избор. Се сметате за виновни што сте избрале погрешна личност, се срамите и ја губите самодовербата. Се обвинувате за тоа што не ви успеал бракот ако вие сте тие кој го барате разводот. Доколку другиот ви побара развод, тогаш се чувствувате како губитник и безвредна личност која не е доволно добра за да биде дел од тој брак.
Фаза 3
Бесот ви станува душевна храна
Чувството на бес и лутина насочен кон вашиот партнер влегува во сите сфери од вашиот живот. После првата година од разводот сопружниците чувствуваат горчина и бес кој е поголем од оној кој постоел во последните месеци од вашиот брак. Тогаш вообичаено се води спор за поделба на имотот и старателството над децата. Важно е да се истакне јасната психолошка потреба на сопружниците да ја сочуваат самодовербата по неуспешниот брак, така што вината ја префрлуваат на другиот.
Фаза 4
Чувство на олеснување
После некое време, без оглед на бесот и тагата која сте ја доживеале, полека се јавува чувството на олеснување. Колку брзо ќе се јави чувството на олеснување пред сè зависи од степенот на хармонија во бракот. Доколку бракот долго време успешно траел, чувството на олеснување ќе се јави подоцна. Од друга страна, во бракот кој се одликува со деструкција или агресија на еден од сопружниците олеснувањето ќе се јави веднаш по разводот.
Фаза 5
Празнина на местото за „ние“
Ако претходно сте навикнале повеќето работи да ги правите во пар и при зборувањето да размислувате за двајца со ние, нас, сега треба да си го вратите својот идентитет и самостојност, да знаете да размислувате и да уживате сами. Се менуваат пријателите, местата и случувањата и треба повторно да се изборите за своето место.
Фаза 6
Повторно забавување, уживање, пронаоѓање и обврзување
После разводот особено е тешко впуштањето во нов живот и барањето нов партнер. Тешко е да се навикнете на помислата дека треба повторно да барате нешто што сте мислеле дека сте го нашле. Постојано е присутен и стравот од ново обврзување, ветување, повредување. Можноста да ви се случи нешто ново зависи од повеќе фактори. Разнишаната самодоверба, интимноста и позитивниот став треба повторно да ги вратите и да продолжите со животот бидејќи не вреди вечно да патите по минатото на кое сте одлучиле да ставите крај.
Она што треба да ви даде сила и сигурност после разводот е тоа што сигурно сте научиле многу лекции и точно знаете што сакате и што не сакате. Имате доволно искуство за да ја препознаете вистинската личност.