Секс во сон
Секс во сон е израз на абнормално сексуално однесување за време на спиењето. Се случува спиејќи да испуштаат крици, мастурбираат, а го допираат...
... својот партнер, да имаат односи, а често и да бидат агресивни.
Секс за време на сон е ретка појава, но на многумина им го отежнува животот. За голем број поединци е незгодна и непријатна работа која може да го загрози односот со партнерот. А некои пак уживаат во тоа!
Луѓето кои имаат вакво пореметување се слични како месечари, но нивното однесување е поврзано со сексот. Кога се будни не се сеќаваат на своите постапки.
Сексот за време на спиењето е ново медицинско откритие, а научниците долго време ја проучуваат оваа појава.
Карлос Шнек, стручњак за оваа појава вели: “ Иако луѓето се свесни дека имаат проблем, многу не бараат помош.
Често не знаат дека сексот во сон му пречи на сонот, или пак се плашат дека ќе бидат неприфатени. Оние кои мислат дека имаат ваков проблем слободно нека се обратат на лекар“.