50 совети за среќен брак и долготрајна врска

Една од првите работи кои треба да ги разберете е дека не смеете да бидете премногу горди за да побарате помош. А и следните 50 совети ќе ви бидат од корист:

50-soveti-za-sreken-brak-i-dolgotrajna-vrska-01

1. Добриот брак не се случува случајно. Добриот брак се гради.

2. Учете од искуството. Не ги повторувајте истите грешки.

3. Ако мислите дека тој/таа изгледа добро кажете му/и.

4. Затоа што никој не е совршен, научете да ги цените различностите.

5. Игнорирајте ги ситниците.

6. Излегувајте со партнерот. Без оглед на тоа што сте во брак, морате да имате повремени состаноци.

7. Простувајте и не бидете злопамтило.

8. Бидете љубезни. Секогаш зборувајте со голема нежност. Кажете Благодарам, Би те замолила..., Би се лутел ли ако...

9. Заедно направете вечера, заедно вечерајте и заедно одете во кревет.

10. Животот е краток. Кажете Те сакам барем еднаш дневно.

11. Што повеќе време минувате како би го промениле партнерот, толку помалку време ви останува да се усовршите себеси.

12. Зборувајте еден со друг, не еден на друг.

13. Не е важно околу што се карате, расправиите се лоши за вашиот однос.

14. Правете многу нешта заедно.

15. Но, правете и многу нешта одвоено.

16. Не бројте. Не одете наоколу броејќи кој што почесто прави.

17. Секогаш насмевнете му/и се, дури и кога сте лошо расположени. Оваа мала инвестиција носи многу!

18. Почитувајте ја приватноста. Таа е основната човечка потреба.

19. Кариерата, личните цели и семејството се важни, но ништо не е поважно од вашиот брак.

20. Бидете најголем навивач на вашиот партнер, без оглед на тоа со што се занимава.

21. Ако нешто сте простиле, немојте повторно да го спомнувате.

22. Вашиот сопруг\а не треба да знае дека сте забележале некој позгоден од неа/него.

23. Бидете спонтани. Насмевнете се, гушкајте, бакнувајте.

24. Ниту една личност не може да ви пружи сè што посакувате. Имајте го тоа на ум!

25. Не се навредувајте, само затоа што некој ја заборавил годишнината.

Уште 25 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg