7 причини поради кои не треба да се прости неверство

Неверството не е непростливо и не преставува нешто што би можело потполно да го загрози односот помеѓу партнерите, но постојат ситуации кога неверството не би смеело да се прости.

7-pricini-poradi-koi-ne-treba-da-se-prosti-neverstvo

Неверстовото е нешто по кое односот со партнерот никогаш повеќе нема да биде ист. Кај некои парови во тој критичен момент работите тргнуваат кон подобро, кај други остануваат непроменети, а постојат и такви кои иако простиле, никако не можат да заборават, што ги прави несигурни и недоверливи кон партнерот.

Луѓето поради љубов знаат да поминат преку нешто што не заслужува прошка. Еве кои ситуации говорат дека е време да продолжите сами.

1. Многу е важно да сфатите дека вашата врска никогаш повеќе нема да биде како порано. Иако некои мислат дека аферата може да допринесе за нова стабилност во врската, вистината е дека тоа речиси никогаш не се случува. Ако ја снема довербата, тоа неповратно ја уништува врската.

2. Ако имате деца, запрашајте се каков пример им давате ним. Дали треба да ги учите дека секој вид на предавство и неверство е лошо, а со проостување на истото, ги нарушувате своите ставови и методи на воспитување.

3. Се прашувате дали неверството ќе се повтори. Најверојатно – да, особено ако не е отстранета причината која довела до него. Партнерот кој изневерува самиот го одбрал тоа, а истражувањата покажуваат дека неверството, за жал, често се повторува.

4. Многу изневерени партнери кои ќе се одлучат за смирување велат дека во врската потоа не се чувствуваат сигурно. Таквото чувство не треба да чуди бидејќи довербата е потполно нарушена. Изневерениот партнер се чувствува како да живее со странец кој секој момент може да направи нешто со што би го повредил. Ако вака се чувствувате, немојте да се мачите – раскинете.

5. По неверството самодовербата ви е уништена. Ако партнерот го примите назад, уште долго време ќе бидете во таква нарушена состојба. Ако пак продолжите сами, ќе го поттикнете инаетот и нагонот за самоодржување, па бргу ќе ја поправите вашата самодоверба.

6. Ако останете во врска со личноста што ве изневерила, работите многу долго нема да одат кон подобро, ако и воопшто се придвижат во таа насока. Но, кога ќе сфатите дека сакате да продолжите сами, работите многу бргу ќе се развиваат во позитивна насока.

7. Вам ви е потребен партнер, а не личност која само ќе ви носи проблеми. Светот е доволно тешко место за живеење и не ви треба некој кој ќе ве изневерува. Ако забележите дека ништо не се менува кон подобро – барем ќе знаете на кого можете да сметате.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg