Четири жешки секс игри кои ќе ве распаметат
Иако можеби не ви е логично, ама и летните горештини се погодни за жешки секси игри. Факт е дека надвор не може да биде толку жешко колку што може да биде во спалната соба. Наместо во текот на летните горештини да ги избегнувате физичките контакти, добро разладете се и фрлете се во акција.
Да, мразот е клише, но уживањето што може да го пружи за време на предиграта е несомнено. Ставете коцка мраз во устата и откако ќе се стопи, полека поминете му на партнерот преку увото, кое е несомнено силна ерогена зона.
Реакцијата веднаш ќе следи, а партнерот веднаш ќе биде подготвен за секс.
Разиграни вкусови
На партнерот ставете му превез преку очите и хранете го со разно овошје, шлаг или сладоелд.
По секој залак нека го погодува вкусот и ако е точен одговорот, наградете го со секси рачна стимулација.
Ако згреши, потсетете се на „педесет нијанси на сивата“ и лесно удрете го по задникот за да го „казните“.
Сензуална масажа
Неодамнешните истражувања покажале дека ножните прсти се сместени до клиторисот во женскиот кортекс на мозокот.
Земајќи го тоа во предвид, побарајте од партнерот сензуална масажа на стапалата во студена вода.
Иако можеби звучи чудно, но промената на температурата ќе ја зголеми физичката сензуалност во прстите.
Истовремено ќе прати му испрати сигнали на телото за возбудување, а потоа би можел да следи и оргазам.
Замрзнати играчки
Играчки од стакло, како на пример, сензуалниот масажер, пред употреба добро разладете го, а тука може да ви послужат и лубрикантите кои исто така можете да ги разладите.
Немојте да ги изоставите ниту оние кои нанесени на телото, автоматски го разладуваат и ја зголемуваат секоја дразба.