5 трикови првиот состанок да биде совршен
Првиот состанок е многу важен бидејќи тогаш личноста со која се среќавате го добива првиот впечаток за тоа како изгледа забавувањето со вас.
Затоа е многу важно убаво да се покажете за време на првата средба.
Еве 5 работи кои се пресудни за да се остави добар впечаток на првата средба.
Како да се облечете
Секој има сопствен вкус и стил, тоа стои, но повеќето луѓе не се облекуваат соодветно за првиот состанок. Мора да се облечете неформално. Така ќе изгледате поприродно и порелаксирано и ќе ја истакнете својата личност подобро отколку да сте униформирани.
Немојте да облекувате скапо одело, или скап фустан на првиот состанок, тоа може да го уништи моментот и да направи вашиот партнер да не се чувствува пријатно. Така вашиот партнер ќе добие впечаток дека сте премногу сериозни, а тоа сигурно не сте сакале да го постигнете. Треба да бидете релаксирани и забавни.
Локација
Немојте да одите на некое сериозно место. Треба да бидете креативни и оригинални. Никако немојте да одите на вечера или да гледате филм, освен ако филмот не го гледате во вашиот стан, или ако сами не ја подготвувате вечерата.
Направете нешто уникатно, нешто што знаете дека никој не го направил.
Разговор
Ова е најважниот дел од состанокот. Не е важно каде ќе одите ако помеѓу вас постои хемија и ако разговорот тече лесно. Одењето во кино ве оневозможува да разговарате со партнерот. Со разговорот треба да изградите привлечност, хемија и приврзаност.
Кој плаќа?
Најдобро е да се држите до добриот стар обичај, машкото да плати на првиот состанок. Во денешно време обичај е да плати оној кој повикал да се видите.
Ако сте девојка, задолжително понудете се да платите, мажите не сакаат кога девојката очекува да и биде платено, па доволно ќе биде и само да се понудите да платите на првиот состанок. Ако продолжите да се гледате секако изборете се и вие да платите некоја сметка.
Збогување
Дали треба да се бакнете? Да се прегрнете? Се зависи од хемијата и близината која сте ја оствариле за време на состанокот. Ако чувствувате поврзаност и ако за време на целиот состанок сте флертувале и сте се допирале, тогаш бакнежот е природен развој на ситуацијата. Ако не сте сигурни дали треба да го направите првиот чекор и први да го бакнете партнерот, тогаш немојте.
Наместо тоа бакнете го во образ. Со прегратка нема да постигнете ништо.