Останете оладени за време на летниот жежок секс
Летното уживање може да биде жешко на сите можни начини. Сепак, кога се работи за задоволството, можете да експериментирате и да ја контролирате топлината. Ова се неколку возбудливи идеи.
Секс под туш: Веќе е добро познато дека студениот туш е најдоброто летно освежување. Покрај тоа што ќе ви помогне да се разладите, ќе ви помогне да доживеете и едно ново, поинакво и возбудливо искуство.
Под: Зошто не би го испробале сексот на студен, мермерен под?
Што пониско во домот: На што повисок кат се наоѓате, толку топлината е повисока. Пред да се пуштите во акција, добро испланирајте во која соба ќе се сместите. Приземјето е идеално!
Игра со мраз: Ако вклучите малку мраз ќе се разладите а воедно ќе ја загреете атмосферата. Тоа е само вода која може да ја искористите секако и секаде. Идеално разладување за сите кои сакаат да експериментираат.
Бирајте време: Летото е идеално време за утрински секс или во доцните часови, зависно од тоа како се одвива вашето секојдевие. Избегнувајте го попладневниот секс. Наместо тоа одморете и подгответе се за ноќна ледена авантура.