Научниците нашле докази дека љубовта навистина боли

Хормонот окситоцин е познат како „љубовен хормон“ затоа што е одговорен за чувствата на социјална поврзаност. Новите истражувања покажале дека истиот хормон е „виновен“ и за интензитетот на лошите спомени, а учествува и во анксиозноста и стравот.

naucnicite-nasle-dokazi-deka-ljubovta-navistina-boli

Секој на кого му било „скршено“ срцето ќе се сложи со изјавата дека љубовта боли. Дури и ако по љубовта срцето не ви е скршено, се создава анксиозност во раните фази кога нè „јаде“ она добро познато прашање дали партнерот се чувствува исто како и ние.

Сега научниците нашле докази дека љубовта е навистина болна, бидејќи откриле дека окситоцинот кој е одговорен за поврзувањето со другите луѓе и за романтичните чувства има голема улога и во стравот и во анксиозноста.

Истражувањата покажале дека окситоцинот има функција да ги регулира социјалните чувства и да ги смести во соодветна област на мозокот, а ако тоа чувство е болно и вознемирувачко, овој хормон ќе ја активира областа во мозокот која ќе го интензивира тоа негативно чувство.

Заклучок е дека хормонот која ја прави љубовта убава е задолжен и за болката која останува потоа. Окситоцинот го зајакнува стравот во стресни ситуации и нè прави почувствителни на овие дразби.

Исто како и љубовта, и окситоцинот може да нè подигне многу високо, но и да нè спушти многу ниско, бидејќи хормонот на љубовта стои зад најубавите и најемотивните моменти во врската, но и зад најдобрите љубовни бродоломи.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg