24 причини за секс

Сексот делува позитивно врз целосниот организам, како и врз менталното здравје. Освен тоа што ве прави поинтимни со вашиот партнер овозможува и да се чувстувате подобро во своја кожа.

24-pricini-za-seks-01

Според едно истражување, луѓето водат љубов 103 пати годишно, односно секој трети ден или 1,9 пати во текот на неделата. Се докажало исто дека практикувањето на сексуални односи до два пати неделно го јакне расположението и позитивно дејствува на изгледот, самодовербата и здравјето.

Друго истражување покажало дека овој лековит третман во просек трае 15-23 минути, предиграта трае 5-9 минути, а самиот секс 10-14минути.

Ако вечерва не сте расположени, добро размислете, бидејќи тоа е начин како брзо да се подмладите, да го подобрите расположението и да го избегнете докторот.

Ова се 24те најдобри причини зошто да имате секс уште вечерва. Ќе пронајдете барем една која ќе ве воодушеви и убеди.

1. Од пет до седум години помлади

Десетгодишното истражување покажало дека возрасните мажи и жени кои практикуваат активен сексуален живот изгледаат пет до седум години помлади. Предност е да се има секс со партнерот кој го сакате.

2. Со редовниот секс мажите се поплодни

Колку почесто имате секс, толку повеќе ќе ви биде поквалитетна спермата. Истражувањата покажуваат дека е најквалитетна ако два дена пред тестирањето се практикувал секс, а пониска вредност има после 10 дневна пауза. Ако сакате дете не ја следете само овулацијата, имајте почесто секс.

3. Штити од настинки

Секс еден до два пати во неделата го зајакнува имунитетот и ја зголемува заштитата од настинка и грип до 30% повеќе отколку кај оние што апсинтираат.  

4. За тело во форма

Високото ниво на стероидот DHEA, односно хормонот против стареење, може да биде клуч за одржување на телото во форма. По оргазмот количеството на овој хормон расте до пет пати повеќе во однос на нормалното ниво.

5. Го продолжува животот

Луѓето кои доживуваат оргазам најмалку три пати неделно имаат 50% помала веројатност дека ќе умрат од било која медицинска причина од оние кои имаат само еден оргазам месечно.

6. Заштедите на теретана

Можете да потрошите 100 калории за 30 минути секс. Со умерена сексуална активност два пати неделно ќе согорите 5000 калории во годината. Во сложените позиции дури и ќе активирате повеќе мускули, што е одлична замена за вежбањето.

7. Ги ублажува болките во ПМС

Многу жени изјавиле дека имаат помали предменструални болки ако имаат односи. Контракцијата на мускулите која настанува во текот на сексот ја намалува напнатоста на мускулите во карлицата кои се виновни за овој тип на болки.

8. Контрола на мускулите

Сексот е одлична вежба за мускулите на дното на карлицата бидејќи жените ги контролираат за време на оргазмот. Бременоста и менопаузата може да ги ослабе, па затоа треба почесто да имате секс за да се спречи инконтиненцијата и спуштање на матката.

9. Без страв од инфаркт

Редовниот секс може да спречи инфаркт кај мажите, а ако се практикува три пати неделно може да ги преполови шансите за добивање мозочен или срцев удар.

10. Го чува женското срце

Жените кои имаат барем два оргазми неделно имаат 30 % помала веројатност да заболат од болести на срцето за разлика од жените кои немале редовен секс.

11. Измазнување на борите

Во текот на сексот значително се зголемува производството на естроген, хормон кој се наоѓа во кожата и ја затегнува. Ова е посебно корисно за време на менопаузата. Жените во менопауза кои имале секс два пати дневно имаат два пати повеќе естроген од жените кои долго време немале секс.

12. Попривлечни сте

Високата сексуална активност го наведува телото да произведува феромони, кои прават да сме попривлечни на спротивниот пол. Колку повеќе имате односи со партнерот толку повеќе ќе го посакувате.

24-pricini-za-seks-02

13. Природен антидепресив

Сексот ги зголемува отчукувањата на срцето и го поттикнува мозокот да произведува повеќе серотонин, хормонот на среќата кој е клучен антидерпесив и главна причина за насмевката на лицето. Сексуално активни жени поретко патат од депресија од неактивните.

14. Одржува младоликост

Сексуалниот однос го поттикнува обновувањето на клетките на кожата. Експертите кажуваат дека за време на сексот се зголемува протокот на крв, а со тоа и нивото на кислород во крвта. Вака се зголемува протокот на крв и хранливи состојки на кожата и се создаваат нови клетки. Поради ова луѓето кои практикуваат секс изгледаат свежо и младо.

15. Ја зголемува самодовербата

Една од најголемите придобивки е растот на самодовербата. Луѓето кои често имаат односи полесно го прифаќаат телото со своите предности и мани.

16. Го намалува крвниот притисок

Оние кои имат редовни сексуални односи подобро се справуваат со стресот и имаат понизок крвен притисок од оние кои се откажале од сексот.

17. Намалување на болките во коските

Научниците докажале дека сексот ги намалува болките од артритисот. Тој поттикнува производство на ендорфин и окситоцин кои ги ублажуваат болките.

18. Квалитетен сон

Окситоцинот кој се ослободува во текот на оргазмот помага при несоница. Како што се шири низ телото, релаксира и предизвикува желба за спиење.

19. Прав чувар на коските

Редовниот секс го зголемува нивото на естроген кај жените во менопауза, а тоа служи како превенција од остеопороза.

20. Спречува рак на простата

Мажите кои имаат редовен сексуален живот имаат помал ризик од рак на простата. Сексот прочистува од токсините кои можат да се претворат во канцерогени.

21. Го продолжува оптимизмот

Ако го започнете денот со секс, доброто расположение ќе ве следи во текот на целиот ден. Возрасните кои водат љубов наутро имаат повеќе оптимизам во текот на целиот ден.

22. Подготовка за проверка на видот

Сексот ги опушта вратните мускули и помага во тестирањето на видот. Во текот на сексот се опуштаат и очните мускули. Тогаш ќе можете да ја процените нивната вистинска способност бидејќи не ги напрегате како обично.

23. Непријател на кариесот

Бакнувањето поттикнува лачење на плунка, што го олеснува чистењето на преостаната храна во устата и ја намалува киселоста. Ефектот е сличен како мастика за џвакање без шеќер.

24. Ги регулира хормоните

Жените кои редовно имаат секс имаат поредовни менструации. Сексот воспоставува рамнотежа на нивото на хормоните, дури и на оние кои го регулираат циклусот.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg