Како да останете заљубени до крајот на животот?

Среќниот брак не е бајка, тоа е заклучок на најновото истражување од Универзитетот во Илиноис по анализата на 35 различни истражувања спроведени на повеќе од 12 илјади испитаници. Научниците тврдат дека успеале да издвојат пет најважни работи кои се важни ако сакате вашиот брак да трае.

kako-da-ostanete-zaljubeni-do-krajot-na-zivotot

Кругот на заеднички пријатели е одличен начин за зацврстување на односот, особено ако се работи за семејството на другиот партнер.

Комуникација
Потребно е отворено да комуницирате за сите теми бидејќи низ разговор откриваме нешто ново за партнерот и за себе.

Позитивен пристап
На секој проблем треба да му се пријде од позитивната страна. Овој метод може уште повеќе да ги зближи партнерите.

„Те сакам“ не се забранети зборови
Не е лошо малку почесто да му кажувате на партнерот дека го сакате и дека имате потреба да бидете со него до крајот на животот, бидејќи со таквиот став делувате и на желбата на партнерот, односно желба да се оствари.

Заеднички случувања
Планирајте ги заеднички случувањата, тоа ја продлабочува приврзаноста и одлучноста да останете заедно.

Поделба на домашните работи
Тоа е начин на подолги патеки да постигнете слога. Секој пар ќе има некое свое, единствено решение за распоред на обврските, а најважно е до тоа да дојдат заеднички.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg