Секс за авантуристи

Креветот како единствено место за секс? Звучи здодевно. Кога ќе се јави желба за промена, на прво место за заљубените е сексот во природа, барем кога е времето убаво и сончево.

seks-za-avanturisti

Плажата е омилена замена за спалната соба.

Тоа е резултат на студијата која ја спровеле германските истражувачи врз група од 1.300 испитаници. Меѓу најомилените невообичани места за секс се некои делови од домашниот амбиент како што се кујнската маса, бањата, тушот...

Кога станува збор за природата на прво место е плажата, за неа се определиле 33% од испитаниците, што ниту малку не изненадува, сексот на плажа важи за поим на еротика и романтика. Единствено треба да се внимава на песокот кој може да ја расипе забавата. Преупредување за туристите: во некои земји, уживањето на плажа може да ве доведе пред судија за прекршоци, па дури и во затвор.

Веднаш по плажата, на второ место е шумата (21%), но не е лошо да се внимава. Ако работите се одвиваат спонтано имајте на ум дека подлогата не е удобна и дека има инсекти, па затоа згодно би било да понесете ќебе со себе.

Пред да излезете на свеж воздух, тука е уште едно омилено емсто – секс во хотелска соба, за која се определиле 19% од испитаниците. Ви овозможува да се чувствувате како љубовници во недозволена врска, нови и туѓи, анонимни и слободни. Можете да се обидете и со толкување на улоги.

Следна по популарност е фантазијата за која е неопходен еден не баш евтин и достапен детал: кабриолет. Дури 17% од испитаниците се определиле за секс во автомобил со отворен кров, било навечер, било преку ден.

На крајот, 15% од испитаниците се определиле за висок излет, секс на џиновско панорамско тркало во луна парк.

Дали сте вие авантурист? Кое е вашето омилено авантуристичко место за водење љубов?

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg