Супер секси храна
Мислите дека храната нема многу врска со сексот? Размислете повторно! Постојат намирници кои ќе ви го зголемат либидото и од кои ќе станете супер секси.
Секој сака да биде одличен во сексот. За да се постигне тоа треба да се има доволно енергија.
Верувале или не, исхраната во голема мера делува на квалитетот на сексуалниот живот, па во секојдневното мени употребувајте ги овие намирници:
Смокви
Ова рајско овошје е богато со аминокиселини кои го зголемуваат либидото, па стручњаците сметаат дека смоквите ја подобруваат и сексуалната издржливост.
Мед
Оваа намирница содржи борон кој помага во создавањето на женскиот хормон, естроген. Исто така медот го подига и нивото на машкиот хормон тестостерон. Сето тоа е одговорно за сексуалната желба, но и сексуалната издржливост. Освен тоа, медот често се користи и во сексуалните игри, па има повеќекратна намена.
Бадеми
Бадемите содржат здрави маснотии кои му помагаат на мозокот подобро да функционира. Тие здрави маснотии произведуваат машки хормони, а истражувањата покажале дека мирисот на бадем кај жените буди сексуална возбуда.
Лук
Нема пријатен мирис, но лукот спаѓа во групата на супер намирници кои го подобруваат сексуалниот живот. Лукот содржи алицин, кој го зголемува протокот на крв во полните органи, па затоа е многу значаен во одржувањето на либидото.
Целер
Овој зеленчук сигурно не ви паѓа на памет кога размислувате за сексот, но целерот може да биде одличен извор на сексуално возбудување. Како? Целерот содржи андростерон, машки хормон кој се ослободува со потта и кој силно ги возбудува жените.
Авокадо
Дали знаете дека дрвото на авокадото од многу одамна се нарекува и „дрво на тестисите“? Поради својот состав, авокадото го буди либидото и кај мажите и кај жените. Некои велат дека нема подобар афродизијак. Дали има вистина во тоа? Проверете сами, нема да ви наштети сигурно.