Подгответе се за врвно уживање во сексот

Пред да започнете со водењето љубов, постојат работи кои можат да го зголемат вашето сексуално задоволство. Со одредена храна, мириси или масажа можете да се доведете до врвен оргазам. Немојте да ги заборавите ниту „валканите“ зборови.

podgotvete-se-za-vrvno-uzivanje-vo-seksot

Со вежби до оргазам

Еве предлог за неколку движења со кои ќе го зголемите уживањето во сексот. Вежбањето се состои од следните чекори: доволно е неколку минути во текот на денот девојките да ги стегнат и опуштат мускулите во карличниот дел, наизменично по пет секунди. По некое време ќе забележат дека оргазмите ви се поинтензивни, додека мажите ќе доживуваат поинтензивна и посилна ерекција.

Храната како афродизијак

На вашето мени нека бидат намирници кои ја зголемуваат сексуалната желба. Тоа се шпаргли со фолна кислеина која го поттикнува крвотокот што е особено делотворно кај проблемите со потенцијата. Јадете ананас кој содржи органски киселини и минерални соли и е многу делотворен во комбинација со чили, мед или рум. Мускатното оревче е особено ефикасно кај мажите, додека ванилата и ѓумбирот будат желба за секс и сексуална чувствителност.

Немојте да ја заборавите масажата

Наежениот допир е важен за телото. Тоа може да биде вкочането и стегнато во многу области. Масажата за релаксација го отклучува телото и доведува до интензивен оргазам и многу подобар секс од оној на кој сме навикнале.

Со мирис до уживање

Освен што ќе го ставиме омилениот парфем на нашето тело, добро би било да додадеме малку мирис и на нашиот кревет. Комбинацијата со чисто машко или женско тело е неодолива за совршен секс. Мирисот има силно дејство во сексот.

Немојте да штедите на „валкани“ зборови

Поделете ја својата фантазија со партнерот, така ќе ја подобрите комуникацијата и подобро ќе ги запознаете меѓусебните сексуални потреби. Бидете подготвени, другата страна може да изненади и заинтригира. Партнерот можете лесно да го заведете со перверзни пораки или со повик во текот на денот.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg