Дуплирајте го уживањето: Оргазмот е најсилен помеѓу 13 и 17 часот
Попладневниот секс психолошки е возбудлив поради разбивање на рутината како и поради чувството дека се прави „нешто забрането“, а на жените им овозможува двојно подолги и посилни оргазми.
Според една онјалн студија – жените токму во тој период од денот 13 до 17 доживуваат интензивни оргазми кои може да траат и до 30 секунди, за разлика од вообичаените кои што траат од 10 до 20 секунди.
Уживањето во сексот во попладневните часови не е поголемо за мажите, но дефинитивно ќе се зголеми ако забележат дека нивната понежна половина тогаш е „посебно“ расположена.
Стручњаците велат дека нема научно објаснување поради што женскиот организам зависи од времето во денот, а тоа може да се поврзе со варирањето на нивото на половите хормони. Психолошкиот фактор исто така е значаен, па така попладневниот секс донесува доза новости и разбивање на рутината, како и чувство на „забрането овошје“.