Најпогодни денови за секс во женскиот календар
Во ова кратко објаснување ќе ја пронајдете причината зошто вашата партнерка не секогаш е расположена за секс. Научно е докажано дека жените во текот на циклусот минуваат низ различни фази - од онаа фаза каде што не ни помислуваат на секс, од фазата кога ве заведуваат деноноќно.
1 - 5 ден од циклусот
Почетокот на менструалниот циклус е фаза во која нема раздразливост и потешкотии. Таа фаза настанува заради тоа што нивото на естроген се зголемува. Доколку имате болна ментструација, уживајте во страсните допири, бидејќи сексот може да ја намали болката. За време на оргазмот се ослободува ендорфин (хормонот за среќа) кој е природен ублажувач на болката.
6 - 8 ден од циклусот
Идеален период за експериментирање во креветот, бидејќи вашата самодоверба е повторно на врвот. Во овој период надокнадете сè што се пропуштиле за време на менструацијата.
9 - 14 ден од циклусот
Во овој период вашето тело се подготвува за овулација и овулира. Естрогенот го достигнува врвот, а вие се чувствувате како вистинска заводничка. Жените во овој период се чувствуваат најсекси, па затоа и така се носат. Ова дефинитивно се деновите кога тие се најрасположени за секс и за било која поза и да се одлучите ќе го достигнете врвот.
15 - 19 ден од циклусот
Ова е период кога желбата за секс опаѓа, но тоа е сосема нормално. Нивото на естроген значајно опаѓа и тоа влијае на целокупното расположение. Во овој период ќе ви одговара мазењето со партнерот или ако веќе се одлучите за секс, одберете едноставна поза и препуштете му се.
20 – 28 ден од циклусот
Ова е најнеповолниот период за жената, бидејќи тогаш е посебно раздразлива и депресивна. Нивото на естроген е неверојатно низок. Кога ќе влезете во овој период, ќе ви одговараат топли купки, а во креветот најмногу ќе ви одговара оралното задоволство.