Сексот низ бројки
Идеалниот секс не би требало да трае подолго од 23 минути, покажала студијата на британскиот ланец за секс - играчки Lovehoney, а истражувањето на Центарот за промоција на сексуалното здравје на институтот Кинси во Индијана, покажува дека сексот во просек трае околу половина час.
Не е до крај јасно дали двете истражувања ја вклучуваат и предиграта. Иако сите мислиме дека таа трае пократко, просечната предигра трае околу 20 минути.
Стручњаците велат дека во текот на 30-тина минути класичен секс трошиме околу 200 калории. Ако се задржиме само на просекот, тоа значи дека со оваа „вежба“ можеме да изгубиме 5,8 килограми за време од една година.
По педесеттата почнува уживањето
Дури 70% на жени постари од 50 години велат дека сексот им е подобар отколку во младоста и 74% мажи над 50 години повеќе уживаат во сексот отколку во четириесеттите години.
Совршена должина
За уживање е се доволни 12 сантиметри, но совршениот „алат“ има помеѓу 18,4 и 20,9 сантиметри, рекле испитаниците во студијата на најпознатиот сексолог од Институтот Кинси.
Женски тактики за помош дома
Дури 84% жени имаат секс со партнерот за да го „натераат“ да помогне околу домашните работи. Околу 60% од испитаниците сметаат дека сексот е забавен и многу важен дел од нивниот живот.
Оргазам според полот: Мажите водат
Во просек 48% од испитаниците доживуваат оргазам, а 44% од нив се задоволни со сексуалниот живот. Разликите во половите се големи: односот завршува со оргазам за 64% кај мажите и само 32% кај жените.
Жените тврдат: Кој тренира повеќе, повеќе ужива!
Околу 48% од жените велат дека глумат оргазам, а 45% од нив признаваат дека со вежба успеале да дојдат до поквалитетен оргазам.