Машки совети - како најбргу да добиете корпа!
Списанието AskMen им помага на своите верни читатели, овој пат како да раскинат со девојка. Наместо момците да ја завршат валканата работа, списанието смислило 5 тактики кои помагаат жените први да ги остават.
Бидете без планови
Немојте да дозволите девојката да ве стави во комбинација за излет, состанок или било каков договор. Ако доволно долго одбивате било какви планови, таа ќе сфати дека нешто не е во ред и веројатно ќе ве остави
Бидете депресивни
Ниту една жена не сака депресивен маж, па ова е идеален начин да сфати дека тој не и одговара. Можеби ќе глумите, но.... се исплати.
Престанете со нежности
Бакнежи, гушкање, дури и секс – ако сакате бргу да раскине со вас, едноставно престанете да го правите сето ова. На почетокот ќе ви биде тешко, но крајниот резултат е најважен.
Кажете дека не верувате во брак
Можеби девојката не би сакала веднаш да се мажи, но веројатно некогаш ќе посака да облече венчаница. Ако и дадете до знаење дека тоа не ви паѓа на ум, можеби ќе одлучи дека е време да си пронајде ново момче.
Заборавете на сè
Нејзиниот роденден, Денот на вљубените, договорот кој сте го имале – едноставно заборавете се. Првиот пат можеби ќе помине преку тоа, но десеттиот пат сигурно ќе има ефект.
Девојки, дали би „откачиле“ момче кое вака се однесува?