Тајните на среќната љубов: 17 клучни правила за успешна врска
Како и сè друго во животот, успешната врска бара компромиси, дипломатија, многу мудрост и труд. Но, секој напор се исплати.
Проучете ги овие мали љубовни мудрости заедно со партнерот и... уживајте!
1. Не обидувајте се взаемно да се смените. Прифатете се онакви какви што сте со сите свои мани и доблести.
2. Бакнувајте се често и страсно. Немојте да заборавите тоа да го правите и додека водите љубов.
3. Во мачните ситуации бидете пријатели еден со друг. Покажете разбирање, мирно сослушајте што има партнерот да каже, немојте избрзано да реагирате.
4. Немојте да земате здраво за готово сè што ќе ви каже партнерот. И по влегувањето во брак однесувајте се како да сте момче и девојка за да ја сочувате нежноста и страста.
5. Бидете горди на својот партнер. Верувајте во она што го работи, немојте да ги штедите комплиментите.
6. Љубезноста е темел на секој однос. Ако сте симпатични и љубезни со пријателите, бидете такви и во врската или бракот.
7. Зошто не би поминале една ноќ во некој хотел само вие двајца, како тајни љубовници. Повремените излегувања на такви заеднички „грешни авантури“ барем и во близина се одлична стратегија за одржување на интимноста.
8. По секоја цена спречете вашиот однос да стане братски. Секако дека морате да бидете пријатели, но внимавајте да не се оддалечите еден од друг и да останете само другари.
9. Жените сакаат чистота и намирисани тела. Може да се случи жените да изгубат желба за секс или било каква интимност ако партнерот ги занемарил своите хигиенски навики.
10. Немојте да ја потценувате моќта на магијата во врската. Иако во почетокот на односот обично нејзин иницијатор е момчето, тој подоцна е склон да попушти. Затоа мажите треба да се трудат да останат онакви какви што биле во почетокот.
11. Немојте да се измачувате со меѓусебни љубоморни испади. Особено ако еден од вас е многу емотивен. Пред да избувнете размислете дали има објективна причина.
12. Не потценувајте ја важноста на оргазмот. Ако вашиот партнер поради недоволно искуство или незаинтересираност не забележува дека нешто недостасува, укажете му на тоа.
13. После чевлите, чорапите се другата работа која ќе ја соблечете пред да водите љубов. Нема ништо полошо од водење љубов со чорапи.
14. Нежно соопштете му на партнерот дека немате сила таа вечер да водите љубов. Немојте тоа да го кажете грубо бидејќи може лошо да влијае на вашиот однос.
15. Уживајте во вашиот однос и бракот. Сите проблеми решавајте ги заедно, па и задоволството ќе биде заедничко.
16. Настојувајте да разговарате мирно, немојте да го повишувате тонот. Дури и во расправија, кога ви изгледа невозможно, обидете се да се потсетите на важноста на пристојното и љубезното однесување.
17. Молчењето не води никаде. Немојте да се муртите, да се затворате во себе и да чекате партнерот да ве запраша во што е проблемот.