Колку вечери и расправии ве делат од сериозната врска?
Не секое дружење или страсна романса се претвораат во сериозна љубовна врска, бидејќи за таков премин е потребно многу дружење, но и многу пари, покажало истражувањето на списанието за мажи Socked.
Луѓето стануваат сериозен пар откако во просек, ќе излезат 22 пати на вечера во ресторан. Освен пријатните дружења, паровите во просек мораат да имаат седум сериозни расправии и да ги запознаат родителите на партнерот, или членовите на неговото семејство пред да почнат да ја сметаат својата врска за сериозна.
За односот да функционира добро треба да ни се допаѓаат повеќе од половина пријатели од партнерот или од неговото семејство.
И според сето тоа, само три проценти од сите започнати љубовни врски се крунисуваат со брак.
- Љубовните врски бараат труд, време и пари, а статистиките ни откриваат дека љубовта најчесто не е едноставна – заклучил раководителот на студијата, Марк Хал.
Што мислите вие?