Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс експерт (18+)
„Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве информираат“ – нагласува секс експертот Трејси Кокс. Кои секс потези, мажите најчесто ги копираат од порно филмовите, а на жените воопшто не им се допаѓаат?
Секс експертот Трејси Кокс, за весникот Daily Mail објави колумна во која ги посочува секс потезите што мажите ги преземаат од порно филмовите, а кои девојките и жените потајно ги мразат. На самиот почеток, таа нагласува дека порно филмовите не се реалност и на нив не можеме да ја потпреме сексуалната едукација.
„Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве информираат“ – нагласува таа.
Според неа, може да се издвојат неколку работи што мажите често знаат да ги копираат од она што го гледаат во филмовите, а најчесто на жените и на девојките не им се допаѓа.
Дознајте кои работи што сте ги виделе на филм треба да избегнувате да ги правите, ако немате согласност од жената.
Не сакаат сите жени болка
По интензивните сцени во „50 нијанси сиво“, голем број мажи имаат впечаток дека секоја жена сака груб секс и врзување.
Тоа е во ред, но ако имате претходна согласност и сте разговарале двајцата и се сложувате дека тие работи ви се допаѓаат.
Но, најголемиот број жени не сакаат некој да ги повреди за време на секс. Уживањето во болка е исклучок, а не норма.
Силно, болно плескање по задникот
Уште еден мотив од мегапопуларниот филм за Кристијан Греј, што создава погрешна перцепција за тоа што е норма, а што исклучок.
Некои жени може да уживаат во благо, лесно удирање по задникот, но силните удари, без претходно добиена дозвола, од кои подоцна жената ќе има модринки, се нешто сосема поинакво и не треба да си претпоставувате дека вашата партнерка ќе го обожава.
Давење
Силното држење за вратот и давење е уште нешто што мажите често го гледаат во порно филмовите и веруваат дека жените го обожаваат.
Но, ова воопшто не е во ред, ако немате согласност од партнерката и може да биде трауматично за девојките.
Нема предигра
Во порно филмовите, од самиот почеток жената е подготвена за секс, веднаш штом ќе го погледне половиот орган на партнерот, но во реалноста ним им е потребно време за да се подготват и пенетрацијата да биде возможна и удобна.
Прескокнувањето на предиграта и преминувањето веднаш на пенетрација, со прсти или со полов орган, го претвора сексот во трауматично и болно искуство.