Еротска масажа

Масажата е прав начин да се опуштите после напорниот ден, a може и да ве возбуди пред водење љубов. Како да ја изведете? За масажата да биде...





... комплетно успешна од старт морате да бидете опуштени, сконцентрирани на чувствата и да комуницирате со личноста која ве масира.

Еве неколку совети како да почнете:

1.    Движете се полека
erotska-masaza1
Пред да почнете со масажа, бидете сигурни дека имате доволно време. Одберете и подгответе го просторот – средете го креветот. Стоплете ја просторијата и не палете јако светло, свеќи се можеби подобра идеа.

2.    Сконцентрирајте се на чувствата

Оној кој е масиран, препорачливо е да биде гол, што не е задолжително за “масажерот”. За почеток одбегнувајте ги интимните места и искушувајте ја вашата жртва. Избегнувањето на гениталиите дополнително ја зголемува желбата за допир, и е клучна за претворање на еротската масажа во див секс.

Пробајте да го следите говорот на телото и да прочитате во што во најмногу ужива вашиот партнер.

3.    Почнете со рацете

Рацете масирајте ги од внатрешната страна, а со прстите допирајте ги тетивите. Продолжете со масажа на дланките, а осбено на месестиот дел под палецот и снажно притискајте.

... продолжете со стопалата
Стопалата масирајте странично, најпрво со движења накај вас, а потоа и петата. Продолжете накај листовите и силно и енергично продолжете накај бедрата. Бедрата масирајте ги со цели дланки. Додека партнерот лежи на стомак, а вие сте качени  над него со нозете над неговите бедра. Во оваа положба масирајте ја половината најизменично и со палците и со цела дланка, секогаш во нагорна насока.

Продолжете нежно и полека по линијата на ‘рбетот кој е најчувствителен дел, па се до рамената и вратот.

erotska-masaza24.    Преку градите до рамената
Кога вашиот партнер ќе легне на грб и на располагање ја имате предницата, препорачливо е да не ги допирајте градите, туку вратот и масирајте во насока на рамената.Стучњаците велат дека е добра идеа за време на масажата да се води разговор и да се зборува во што тоа партнерот најмногу ужива (на пр. по десно или по лево, по нежно или по грубо). Градите нежно бакнувајте ги, но засега не ги масирајте.

5.   Дозволете си топла бања
Како идеа препорачливо е пред самата масажа да си приуштите топла бања со миризлива сол, свеќи за опуштање на целото тело. Дозволете му на партнеот да ве бања со миризлива купка, а потоа можете да го искористите млекото за тело за масажата. Оваа масажа дава целосно задоволство со бакнувањето и допирањето на ерогените зони. На овој начин масажата станува совршена предигра и подготовка за водење љубов.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg