14 предупредувачки знаци дека работата не е вистинската за вас (и итно треба да ја смените)

14-predupreduvachki-znaci-deka-rabotata-ne-e-vistinskata-za-vas-i-treba-da-ja-smenite-02.jpg

8. Чувствувате дека здравјето ви страда, дека не водите добро животно темпо по работата, а и често дека си ја погазувате гордоста во име на мирот на работното место.

9. Не можете да бидете тоа што сте и да се залагате за своите принципи, туку енергијата ја губите глумејќи нешто што не сте.

10. Не сте платени доволно со оглед на тоа колку време, енергија, идеи и страст вложувате во работата.

11. На прашањето „Зошто ми е потребна оваа работа“, вие си одговарате „Само поради парите и ништо друго“.

12. Не ви е комфорно да зборувате отворено и да го кажете своето мислење, па сами свесно си ја гушите креативноста, која ја имате во изобилие.

13. Деновите не ви изгледаат така како што ви наложуваат обврските од описот на вашето работно место, туку завршувате сечија работа и на крајот од денот сте неефикасни и си го кочите својот кариерен раст и развој.

14. Вашата интуиција ви говори дека работата е погрешна за вас, односно дека сте заглавени на погрешно место со погрешни луѓе, а се познавате себеси најдобро и знаете дека можете многу повеќе и подобро.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg