14 предупредувачки знаци дека работата не е вистинската за вас (и итно треба да ја смените)
Ја изгубивте страста за работата и не чувствувате среќа кога одите на работа. Вашата интуиција ви говори дека работата е погрешна за вас, односно дека сте заглавени на погрешно место со погрешни луѓе, а се познавате себеси најдобро и знаете дека можете многу повеќе и подобро.
Дали сте човек кој си ја сака работата или сте само уште еден од низата незадоволни и несреќни вработени?
Предупредувачки знаци дека работата не е вистинската за вас и треба да ја смените:
1. Работното место не ви дозволува да ги покажете вашите силни страни – далеку од тоа дека постои совршена работа, но сигурно постои работа кои ќе ви ги даде совршените можности за да блеснете.
2. Се чувствувате негативно во врска со работата – не чувствувате дека имате клучна улога, ниту чувствувате задоволство кога ќе исполните некоја задача или ќе добиете нова обврска.
3. Постојано сте преоптоварени со низа банални обврски, но незгодно ви е да му го кажете тоа на претпоставениот.
4. Ја изгубивте страста за работата и не чувствувате среќа кога одите на работа, ниту задоволство дека таа работа ќе ви даде можност да си ги исполните соништата.
5. Немате елан кога станувате од кревет и не ја менувате работата само од страв од промени и некој си статус кво, но знаете дека на долг рок тоа ќе ве наполни со фрустрација.
6. Не ве вклучуваат во проекти и важни процеси и го немате влијанието кое сакате да го имате, односно не напредувате во кариерата.
7. Негативните аспекти на работата, секогаш натежнуваат на сметка на позитивните и во себе тивко си велите „Зарем вака ќе дочекам пензија?“.
Уште 7 знаци на следната страна...
Би можело да ве интересира:


