Стрес на работа - како да ја надминете вознемиреноста?

Работниот стрес е сериозен здравствен проблем. Не е важно каква работа работите, затоа што стресот влијае врз сите подеднакво. 

Stres na rabota kako da ja nadminete voznemirenosta 01

Бројни истражувања покажуваат дека многу луѓе ја сметаат својата работа крајно стресна. Повеќето од нив, исто така, размислуваат да дадат отказ.

Многу луѓе се жалат дека стресот им предизвикува здравствени проблеми, вклучувајќи висок крвен притисок, несоница, болки во грбот, итн.

Што предизвикува стрес на работното место?

  • Лоши односи со колегите
  • Шеф кој не ве поддржува
  • Недостаток на комуникација
  • Премногу мешање во приватноста
  • Премногу или премалку задачи
  • Премногу притисок и нереални рокови
  • Слаба организација
  • Лоши услови за работа

Stres na rabota kako da ja nadminete voznemirenosta 02

Како да се справите со стресните ситуации на работното место?

Направете план за работа

Веднаш штом ќе стигнете на работа, запишете што треба да се заврши тој ден. Не се преоптоварувајте. Не правете повеќе работи истовремено, туку завршете ги задачите една по една.

Не оставајте ништо за утре

Не оставајте незавршена работа за утре, бидејќи ќе имате уште една задача плус следниот ден. Обидете се да ги извршите сите обврски навреме.

Секако, прво направете ги приоритетите, после тоа ќе ви биде полесно да ги завршите дурите помалку важни задачи без стрес и паника.

Избегнувајте конфликти

Дали секогаш треба да бидете во право? Дали ви пречи што вашите колеги работат на начин што вам не ви се допаѓа? Обидете се да соработувате. Бидете флексибилни и настојувајте да имате коректни односи со сите за да ја намалите тензијата.

Поставете граници

Фокусирајте се на работата што можете да ја завршите. Ако имате проблем со кој не можете да се справите, не го решавајте на сила, туку побарајте помош.

Кога ќе сфатите дека имате колеги на кои можете да се потпрете, ќе бидете повеќе растеретени.

Релаксирајте се по работа 

И секако, не заборавајте по работа, да не дојдете дома и да пренесете нервоза, туку да си најдете начин на кој ќе се релаксирате и да го претворите во рутина. 

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg