Најчести грешки што треба да ги избегнувате пред интервју за работа
Користење непрофесионален мејл
Кога праќате CV, но и за сите професионални мејлови, најдобро е да направите посебна имејл адреса.
Оваа адреса треба да го содржи вашето име, а не прекар или нешто слично.
Користење погрешни зборови
Многу луѓе знаат дека не треба постојано да се извинуваат, бидејќи на овој начин изгледаат несигурно. Но, постои уште еден збор што би требало да го избегнувате – „само“.
На пример, немојте да користите фрази како „Јас само сакам да кажам“, или „Само сакам да ви разјаснам“. И во овој случај звучите како да се извинувате, иако не сте направиле ништо погрешно.
Носење кафе во пластична чаша
Без разлика колку сакате кафе, немојте да ја носите чашата со вас на интервјуто. Пиењето кафе сред интервју само ќе ви го одвлекува вниманието.
Истовремено, добро би било да понесете бизнис картичка, копија од вашето CV и слично.
Несредена чанта
Денот пред интервјуто, добро би било да ја исчистите чантата што ќе ја носите. Не знаете кога ќе ви притреба нешто од неа, па добро е да бидете организирани.
Покрај тоа, ако потенцијалниот работодавач забележи дека чантата ви е „хаос“, можно е да помисли дека сте неуредна личност.
Пиење кофеински пијалаци пред интервјуто
Пијалаците и храната со кофеин можат да го уништат интервјуто за работа.
Оваа состојка го покачува адреналинот, а ова може да резултира со тресење и потење на дланките. Истовремено, кафето е диуретик, па може да ви предизвика и други проблеми.
Не го проверувате вашето CV пред да го испратите
Дури и најдобрите луѓе прават грешки, па проверете го вашето CV неколкупати пред да го испратите.
Потенцијалниот работодавач нема да замери за ситните печатни грешки, туку веројатно ќе му пречи тоа што не сте одвоиле време да го проверите напишаното.
Спирова С. | Црнобело