Крузерот Royal Caribbean нуди работа од соништата со плата 2.300 евра неделно
Оваа работа од соништата ќе направи да посетите глечер на Алјаска, егзотични острови и да крстарите по норвешките фјордови... Магично, зарем не?
Замислете дека со крузерот Royal Caribbean крстарите низ светот и ве плаќаат одлично за тоа. Работната позиција е истражувач на брегот (Shore explorer), а ќе ги посетите најегзотичните дестинации на Земјата.
Избраниот кандидат ќе оди на патување низ светот каде ќе искусува разни авантури на копното, кои потоа ќе бидат вметнати во програмата на крстарењата на оваа компанија за претстојната година.
Ќе посети глечер на Алјаска, ќе ја истражува Осака во Јапонија, ќе скија на вода во норвешките фјордови и ќе се вози на најдолгата зип линија во Дубаи.
Дури и меѓу првите ќе го посети новиот ексклузивен приватен остров на Карибите, кој е во сопственост на интернационалната компанија Royal Caribbean, а ќе биде отворен во мај 2019.
За да ја добиете оваа позиција треба да ги освоите симпатиите на судиите, кои јавно ќе го бираат најдобриот кандидат. Треба да имате страст за патување, истражување и експериментирање. И, се разбира, да бидете брилијантни во споделувањето на авантурите онлајн.
Зависниците од адреналин кои имаат уникатна способност да го уловат моментот и да раскажат приказна преку слика ќе ја имаат уникатната можност да ја работат оваа работа, за која ќе бидат платени по 2.300 евра неделно.
С. С. | Црнобело