-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како луѓето кои не можете да ги поднесете можат да влијаат позитивно врз вас?

Не може сите луѓе на светот да ви се допаѓаат и обгратно, а со ова мора да се помирите еднаш-засекогаш.

kako-lugjeto-koi-ne-mozhete-da-gi-podnesete-mozhat-da-vlijaat-pozitivno-vrz-vas-01.jpg

Навистина, никој не очекува да имате добро мислење за сите колеги на работа или за пријателите на вашите пријатели, ниту пак за сите роднини.

Но, не треба овие луѓе да ги блокирате целосно бидејќи колку и да ви се чини неверојатно, од нив можете да имате позитивна корист.

Како е можно тоа?

Оние кои не ви се допаѓаат ви даваат различни перспективи

Не мора да ја сакате оваа личност, но следете што прави, како се снаоѓа и учете од неа. Со тек на време може да развиете посилна емпатија и толеранција, како и подобро разбирање на различностите.

Верувајте, понекогаш туѓото мислење, дури и ако доаѓа од личност што не можете да ја поднесете, може драстично да ви ги промени видиците.

kako-lugjeto-koi-ne-mozhete-da-gi-podnesete-mozhat-da-vlijaat-pozitivno-vrz-vas-02.jpg

Ве учат да бидете поупорни

Со оние кои сте блиски сте и попопустливи и поспремни сте да направите компромис во нивна корист. Меѓутоа, со другите, ви треба повеќе енергија и поцврст став за да го „истерате“ своето. А тоа воопшто не е лошо.

kako-lugjeto-koi-ne-mozhete-da-gi-podnesete-mozhat-da-vlijaat-pozitivno-vrz-vas-04.jpg

Нивните критики интерпретирајте ги конструктивно

Доколку недопаѓањето е обострано, може да се случи од нив да чуете брутално искрено мислење кое колку и да ве повреди во прв момент, понатаму ќе ви биде мотив за да бидете подобри.

Размислете само, блиските полесно би ве излажале, наместо да ве повредат со искреноста (и секако, не треба да им се лутите поради тоа), но подалечните се на некој начин пообјективни.

Ако постои вистина во нивните забелешки и критики, не размислувајте премногу и почнете да се менувате на подобро.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg