Осум прашања кои треба да му ги поставите на вашиот потенцијален работодавач

Интервјуата за работа не се важни за само работодавачот да се запознае со кандидатите за отвореното работно место, туку и оние кои ќе дојдат да дознаат повеќе што таму се нуди.

osum-prashanja-koi-vie-treba-da-gi-postavite-na-vashiot-potencijalen-rabotodavec-01.jpg

Поради тоа, освен работодавецот (или тимот од одделот за човечки ресурси), прашања треба да поставува и кандидатот, за да може да добие пореална слика за позицијата и работните задачи кои би го очекувале кога би бил вработен.

Исто така, важно е да почекате да заврши формалниот дел од интервјуто и тогаш да ги поставите прашањата. На тој начин ќе покажете дека сте заинтересирани за позицијата и дека сте подготвени да влезете во таа „шема“ на работни задачи и прилагодување на условите.

Она што еден кандидат сака да го знае и го смета за релевантно за работата, не смее да остане неискажано, за да се избегне незадоволството.

Затоа, обрнете внимание на следниве прашања и не се плашете да ги поставите по интервјуто:

1. Дали одговорив на сите ваши прашања?

2. Како според вашите критериуми изгледа идеалниот кандидат за оваа позиција и колку јас се вклопувам во тоа?

3. Која компанија ви е најголем конкурент и кои се вашите предности во споредба со нив?

4. Кои се маните на оваа работна позиција?

5. Како изгледа еден типичен работен ден?

6. Што би можел/а да направам за подобро да се вклопам во профилот што го барате?

7. Зошто вашите вработени сакаат да работат за вас?

8. Дали е ова нова позиција и ако не е, зошто замина претхониот вработен?

Со помош на овие прашања и одговорите кои ќе ги добиете, ќе можете да процените дали се работи за сериозен работодавач и да добиете пореална слика за работната позиција, како и тоа колку би се вклопиле во начинот на работа на компанијата.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg