Исповед на поранешна вработена: Која е мрачната страна на работењето во Фејсбук?
Да се биде дел од успешна компанија како Фејсбук сигурно ви звучи како исполнување на соништата, но Сара Катц открива дека тоа со што се соочила таа не е така пријатно.
Сара Катц (27) работела како модератор во Фејсбук, каде прегледувала по 8.000 објави на ден, меѓу кои наидувала и на детска порнографија, говор на омраза и што уште не.
Преку компанија соработник била примена за да прегледува содржини на Фејсбук и работела 8 месеци во 2016 година. Таа требала да открие кои објави ги прекршуваат стандардите на функционирање на компанијата и да ги блокира.
Во Фејсбук работат повеќе од 4.500 модератори како Сара, а годинава се планира примање уште на 3.000 за да се справат со мрачната страна на социјалните мрежи.
Сара вели дека постојано има можност да наидете на некој ужасен материјал и открива дека работата е стресна и треба да носите брзи одлуки.
Фејсбук тргна 21 милион постови кои содржеа голотија и секс само во првите 3 месеци на 2018 година, 3.4 милиони постови кои прикажуваа некаков вид на насилство и уште милиони од говор на омраза, терор и спам.
Дури и при потпишување за договор за работа во Фејсбук ви е нагласено дека ќе се соочувате со многу непријатна содржина дури до степен на детска порнографија.
Сара вели дека сè уште ја прогонуваат некои бизарни фотографии од деца како се допираат и од некои од насилни крвави чинови. Среќна е што повеќе не ја работи таа работа.
С. С. | Црнобело