13 начини на кои кралицата Елизабета заработува милиони + какво неверојатно богатство има
Од издавање на имотот од нејзиниот татко до надоместокот од државата, кралицата заработува многу, но и луксузниот живот на кралското семејство чини многу.
Членовите на британското кралско семејство водат раскошен живот и тоа дефинитивно има своја цена.
Дали сте знаеле дека за водење на монархијата секоја година се потребни по 358 милиони долари? Само платите на персоналот на кралското семејство се мало богатство.
Како кралицата Елизабета и нејзиното семејство доаѓаат до овие пари?
Кралицата добива грант од државата секоја година
Грантот доаѓа преку државната каса која е финансирана од даночни обврзници. Во замена за оваа финансиска помош, кралицата се согласува да ѝ дава на британската влада 15% од профитот на кралскиот имот секоја година.
Во 2015 година на пример овој грант изнесувал околу 49 милиони долари. Со него се плаќа персоналот во палатата, патувањата и други тековни трошоци.
Кралицата има приватен приход наречен „Privy Purse“.
Тој доаѓа од огромното земјиште од 45.600 акри кое има градби за деловна намена, но и за земјоделство. Овој приватен имот на кралицата во 2017 година ѝ донел 26 милиони долари.
Кралицата има лично богатство од речиси 415 милиони долари.
Сите кралски членови се милионери, од принцот Чарлс до принцот Вилијам и земаат плата од државата.
Кралицата од нејзиниот татко го има наследено раскошниот имот Sandringham Estate.
Таа има уметничка колекција вредна милиони.
Кралското семејство на Велика Британија го поседува сето злато и сребро, како и варовник, јаглен итн.
Ова вклучува и злато пронајдено на нечиј имот. Ако одлучат, кој било жител на Велика Британија може да добие известување дека кралското семејство ќе го пребарува неговиот имот за минерали, на пример.