5 ваши грешки кои прават да си ја мразите работата
Дали сте од оние работници кои не користат пауза и остануваат прекувремено, а не можат да се пофалат со некоја завидна продуктивност?
Дали со искреност можете да кажете „Си ја сакам работата“?
За жал, тоа може да го сторат само малкумина. Често поради работата се чувствуваме истоштено и нерасположено.
Кои грешки на работното место придонесуваат за тоа:
Работите по 10 часа на ден
Односно само правите илузија дека работите затоа што само одреден број часови во текот на денот можете интензивно да работите и да бидете ефикасни, другото е монотоно и безенергично завршување на низа мали задачи.
Смислата на работата не е комплетно да се истоштите и да ѝ го посветите животот, туку добро да го испланирате времето и притоа да прикажете резултати.
Не користите пауза
Мозокот е како мускул кој постојано пумпа и за да не биде предолго активиран, мора да направите мала пауза за да ги наполните батериите.
По интензивно активирање на мозокот мора да направите активност што ве релаксира. Одлично е дури и ако успеете да минете 20 минути со затворени очи.
Работите за време на одморите
Не обидувајте се да ги комбинирате работата и одморот, особено кога патувате.
Ако сте на некоја егзотична дестинација и сакате да поработите 1 час, нема да бидете многу ефикасни затоа што вашиот мозок нема да забележи дека ситуацијата се променила и сè уште ќе биде во фаза на одмор.
Го игнорирате биоритамот
Ова важи особено ако работите во смени. Резултатот од тоа е зголемен крвен притисок, кардиоваскуларни болести, дијабетес, предвремено стареење на телото итн.
Ако ви дозволуваат околностите, категорично одбијте работа во текот на ноќта.
Не си го разубавувате работното место
За да бидете продуктивни потребно ви е минимализам и убава енергија на работното место. Бирото не смее да ви биде претрупано со папки и документи, а на позадината на компјутерот треба да имате некоја убава, релаксирачка позадина.
Исто така, социјалните мрежи не треба постојано да ви бидат вклучени во позадина, туку најдобро е да ги вклучувате само кога навистина ги користите.
С. С. | Црнобело