Од бесплатни десерти до соби за забава: Како е да се биде практикант во LinkedIn?
-->
Сè ви е платено, земате одличен хонорар, имате на располагање велосипеди, соби за забава, бесплатни часови по јога, оброци и што уште не.
Познато е дека во технолошката индустрија има најдобри услови за практикантите. Од импресивни месечни хонорари до бесплатна храна, силиконската долина во Калифорнија е совршеното место за сите студенти кои сакаат да се стекнат со практична работа.
-->
LinkedIn, веруваме дека веќе добро ја знаете оваа социјална мрежа, секое лето ангажира по 300 практиканти во канцелариите низ целиот свет меѓу кои Сан Франциско, Њујорк, Чикаго, Сингапур и Бангалоре.
Како изгледа да сте практикант во LinkedIn:
Работниот ден започнува во 9 часот наутро.
Главниот кампус на компанијата е во Сончевата долина (на еден час од Сан Франциско). Има 15 различни згради и од крај до крај на кампусот може да отидете за 15 минути.
-->
-->
Многу од вработените имаат електрични автомобили, а некои доаѓаат и со воз.
-->
На практикантите од цел свет им е платено сместување, авионски билети, трошоци за домување, па дури и билети за нивните семејства да ги посетат.
Практикантите работат по 40 часа во седмицата, но си прават свој распоред. Некои доаѓаат и порано.
-->
Нема дрес код.
Бесплатен појадок и кафе.
Имаат прилагодливи бироа, може да седат или стојат.
Простории со отворен концепт за состаноци.
Има и приватни канцеларии ако сакате некогаш мир и тишина.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно
„Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...