Во Холандија може да земете 104 слободни седмици „ако ви е преку глава од работата“
Што е „burn out“ и зошто да се работи во Холандија е закон? Дали ваков закон им е потребен и на македонските работници?
Дали понекогаш се чувствувате презаситени од работата, под стрес сте од крајните рокови, огромниот број на обврски, третманот на претпоставените и сте ментално толку истоштени што само сакате да побегнете од сè?
Според статистиките, во Холандија 1 милион луѓе имаат вакви симптоми и појавата е наречена „burn out“.
Што е „burn out“?
Се дефинира како немање енергија да ги исполните редовните работни обврски и емоционална неспособност да се справите со истите.
Причини за појава на „burn out“ се превисоките цели зададени на работното место, немањето доволно автономија, задевањето од колегите итн. Чувствувате дека одговорностите ви се премногу и вашите граници се преминати.
Во ваква ситуација во Холандија работниците треба да разговараат со доктор и со претпоставените и да се воспостави план за акција, кој може да вклучува и долго платено отсуство од работа.
Кои се обврските на работодавачите?
Работодавачите во Холандија се обврзани да ви исплаќаат 70% од платата за време на отсуството во првите 104 седмици од вашата „болест“. Во текот на овие 104 седмици не можете да бидете избркани од работа затоа што законот ве штити.
Како да препознаете дали имате симптоми на „burn out“:
С. С. | Црнобело