6 начини на кои ќе ја ослободите креативноста

Дали сте и вие од оние кои имате многу што да раскажете, но не знаете како да го склопите тоа во еден текст, или можеби книга?

6-nachini-na-koi-kje-ja-oslobodite-kreativnosta-01.jpg

Или пак, се обидувате да ги импресионирате вашите колеги со некое креативно решение на проблем? Или креативна идеја која ќе донесе многу корист во работата?

А, можеби само сакате да внесете имагинација и доза креативност во вашето секојдневие.

Ова се неколку докажани начини кои ќе ви помогнат да бидете покреативни и правилно да го насочувате мозокот:

Придушени светла

Според едно германско истражување, откриено е дека гасењето на светлата го намалува попречувањето на мислите, а предизвикува поистражувачки и имагинарен начин на размислување. Па, следниот пат кога ќе размислувате на некои идеи, изгасете ги светлата.

6-nachini-na-koi-kje-ja-oslobodite-kreativnosta-03.jpg

Растурено биро

Во едно истражување, испитаниците биле поделени во неуредна и во средена просторија. Потоа било побарано од нив да смислат нови идеи за пинг-понг топче. Двете групи дошле до сличен број на идеи, но оние кои работеле во несредена просторија имале многу покреативни.

Сепак, ова може да го практикувате во вашето домашно работно катче, не да бидете неуредни пред колегите на работа.

6-nachini-na-koi-kje-ja-oslobodite-kreativnosta-02.jpg

Гледајте во нешто сино

Дали понекогаш сте се почувствувале креативно додека седите на плажа и гледате во сината вода која ве опушта? Според истражувања, сината боја ги подобрува перформансите во креативните задачи. Истражувачите сметаат дека тоа е така бидејќи сината боја ги потсеќа луѓето на небо, море, вода, а тие пак се поврзани со „смиреност, мир, отвореност“.

Па така тоа предизвика поимагинативни чувства и истражувачки мисли. Црвената боја пак, ги подобрува перформансите во задачите кои се ориентирани кон деталите.

6-nachini-na-koi-kje-ja-oslobodite-kreativnosta-04.jpg

Напијте се чаша вино

Според едно истражување, испитаниците кои имале минимално ниво на алкохол во крвта се покажале подобри во креативни решенија на проблеми од оние кои немале воопшто алкохол во нив.

Ова може да биде поради тоа што симболична количина алкохолен пијалак може да го релаксира човекот и го подобрува неговиот фокус, помагајќи да пронајде врска помеѓу нафрлани идеи. Секако, не треба да се претера.

6-nachini-na-koi-kje-ja-oslobodite-kreativnosta-05.jpg

Променете ги секојдневните навики

Ова важи за сѐ па дури и за најбаналните работи како подготовката на вашиот доручек. Пример, ако секогаш ставате прво житарици во сад, па потоа истурате млеко, сега правете го тоа обратно. Или, редете го сендвичот со различен редослед (ставете ги сите состојки во чинија, па лепчето ставете го врз нив и превртете).

Единствената причина за ова е тоа што на овој начин ќе бидете пофлексибилни и отворени кон различни идеи кои ќе го тераат вашиот мозок да ги избегнува секојдневните рутини и да размислува на различен нов начин.

6-nachini-na-koi-kje-ja-oslobodite-kreativnosta-06.jpg

Медитирајте

Благодарение на способноста на медитацијата да ви го подобри расположението, ќе се охрабрите да размислувате на нов и различен начин од кој може да произлезат нови идеи.

Јогата и медитацијата се одлични начини за интровертите да се охрабрат и да ја ослободат креативноста, бидејќи така луѓето се чувствуваат порелаксирано.

6-nachini-na-koi-kje-ja-oslobodite-kreativnosta-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg