Како полесно да стигнете до целта?
Сигурно веќе ви е јасно дека доколку сакате да постигнете одредена цел потребно е да бидете дисциплинирани и посветени сè додека истата не ја остварите. Сепак, не е сѐ така едноставно.
Според едно ново истражување направено од страна на Универзитетот Винипег, нашиот извор на мотивирање се менува зависно од фазата во која се наоѓаме.
Па така, истражувачите откриле дека во првата фаза од остварување на целта луѓето најчесто се многу мотивирани. Ова се нарекува примарна мотивација.
Но, кога сте некаде на половина пат од остварувањето на нашата цел, потребно е умствено да се пренасочите од примарната кон превентивната мотивација. Ова значи да ги игнорирате негативните ефекти и резултати и да се сконцентрирате на своите одговорности.
Според авторот на ова истражување, Олга Булард, најважно е да го програмирате својот мозок да ги избегнува негативните и песимистички ставови, а да се сконцентрирате на целта.
Затоа, доколку видите дека нешто не оди по вашиот план, немојте веднаш да се откажувате. Размислете за тоа какви се препреките кои ви го отежнуваат патот до целта и обидете се да ги елиминирате.
С. У. | Црнобело