#womenwhowork: Три Инстаграм профили кои ќе ви се најдат за професионална инспирација
Ако сте во потрага по инспирација кога е во прашање вашиот професионален живот, истата ќе ја најдете кај дамите кои се сретнале со бројни предизвици и отворено разговараат работното секојдневие, работните викенди и неуспеси.
Тие ќе успеат да ве инспирираат и да ве воведат „зад завесата“ на својот работен ден.
Млади се, со претприемнички дух, успешни и знаат како да ја раскажат својата приказна на светот.
@jaclynrjohnson
Има помалку од 30 години и се наоѓа на листата на „Forbes - 30 Under 30“. Таа е организаторка на конференции , а е препознатлива по својата ултра популарна платформа Create & Cultivate.
@poppyjamie
Поранешна водителка на телевизија, а денес е основач на брендот на торби кои се наоѓа на профилот на Инстаграм на секоја модерна девојка. Заедно со Суки Вотерхаус таа го води и start up-от за мода, кој ги руши сите граници.
@meghanmarkle
Нејзината „лајфстајл“ страница, The Tig и Инстаграм профилот е плодно место за размена на идеи, возбудливи приказни и секојдневни случки.
Н. Г. | Црнобело