Што прават успешните луѓе во недела?
Најмоќното оружје на најуспешните луѓе е нивната подготовка пред напорната работна надела. Една заедничка особина која дефинитивно ги карактеризира сите успешни луѓе е неделната рутина во која ги организираат најголемиот дел од своите претстојни работни ангажмани.
Во продолжение прочитајте која е неделната агенда на најуспешните луѓе:
Поминуваат квалитетно време со семејството
Најголемиот дел од последниот ден од неделата, успешните луѓе го поминуваат со своите сакани. Ова е можеби еден од ретките денови од неделата кога обврските им го дозволуваат тоа задоволство
Одговараат на мејлови, повици и пораки
Кога работните активности го налагаат тоа, успешните луѓе не знаат за пауза. Тие одговараат на повиците дури и во недела и никогаш не ги ставаат во сенка работните должности.
Се надоградуваат
Успешните луѓе и покрај сите обврски, секогаш наоѓаат време да прочитаат нешто надвор од нивното поле на работа. Си посветуваат време на себе, па макар и на два часа.
Ја планираат идната недела
Ова значи проектирање на нови цели и развој на стратегија за тоа како истите да се остварат и реализираат. Тие прават анализа на моменталната состојба и бараат решение како да ја поправат.
Во иднина не го потценувајте своето слободно време, напротив обидете се да го искористите на најрационален начин.
С. У. | Црнобело