3 работи што успешни луѓе ги прават во недела за да имаат продуктивна седмица

Сите ние имаме свои мали ритуали кои свесно или несвесно ги повторуваме.

3-raboti-sto-uspesnite-lugje-gi-pravat-vo-nedela-za-da-imaat-produktivna-sedmica-001.jpg

Но сепак, дали сте се запрашале некогаш кои се ритуалите на успешните луѓе, со кои тие ја зголемуваат нивната продуктивност, фокусираност, креативност и мотивација?

Од големиот број на ритуали кои тие ги имаат, ова се трите најважни:

1. Еден час посветен само на организирање

Иако ова е последното нешто кое би го правеле во недела, верувајте дека ќе ви се исплати. Работите кои се најтешки и кои најмалку сакате да ги направите, распоредете ги за рано наутро, а останатото оставете го за подоцна во текот на денот.

Одредувањето приоритети и организирањето ќе ви помогне да ја подобрите продуктивноста и да ги завршите работите подобро и за пократко време.

2. Здрава исхрана

За стресен понеделник може значајно да придонесе и тешката храна која сте ја внеле претходниот ден. За да го избегнете овој проблем и да ја зголемите фокусираноста, пијте многу вода и јадете лесна храна, богата со протеини.

3. Искористете го денот правилно

Обидете се тој ден да го искористите за нешто многу покорисно од седење цел ден пред телевизор. Одете на прошетка со вашите пријатели и наполнете се со позитивна енергија. На овој начин многу полесно и поедноставно ќе се справите со сите обврски кои ве очекуваат веќе следниот ден.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg