Не ги третирајте викендите како мини-одмори, ако сакате да постигнете успех
Работната недела трае и со душа го чекаме викендот. Уште отсега планираме колку ќе спиеме, колку долго ќе се излежуваме во креветот. Сосема ќе се опуштам, ќе испијам 10 пијачки и нема да ги соблечам пижамите додека сум дома, си велите во себе.
Но, вистината е дека викендите треба да ги третирате како и секој друг нормален ден, бидејќи се совршена можност да напредувате, да бидете среќни и да го промените својот живот.
Ова особено се однесува на професионалниот успех. Никој не вели да седнете и да одработите регуларни 8 часови за време на викенд, но просто незамисливо е целосно да се исклучите од работните активности.
Доследноста е моќ.
Следете ја својата рутина. Станете евентуално половина час подоцна од вообичаеното. Сработете што е можно повеќе. Не ги игнорирајте ниту домашните активности.
Многу луѓе се вклучуваат во предизвикот кој опфаќа завршување на една новела за 30 дена. Викендите се сфаќаат како и секој обичен работен ден, време за работа.
Ништо чудно, невообичаено, нема измислување на „топла вода“, едноставно е - за да постигнете успех, мора да сте доследни и константно да вложувате труд и напор.
Слично е и со фитнесот и диетите, кога 5 дена сте внимателни и посветени на целта, а викендите се опуштате со јадење и излежување. Зарем тоа не ве враќа неколку чекори поназад од целта?
Викендите не се мини-одмори. Тие се одлична шанса за напредување на секое поле како и секој обичен работен ден.
(О)Милена | Црнобело