Како да се справите со емоционалната исцрпеност?
Состојбата позната како емоционална исцрпеност брзо станува чума на нашето време. Нејзините симптоми вклучуваат драстичен пад во виталноста и мотивацијата, индиферентност во одредување на чувствата и нагласена неможност да бидете задоволени...
Не така одамна, синдромот на емоционална исцрпеност беше главно поврзан со социјалните работници, но денес, сè повеќе и повеќе луѓе со различни професии стануваат жртви на оваа состојба.
Не само тоа, туку се чини дека симптомите не само што се развиваат на нашето професионално поле, туку се појавуваат и во нашиот личен живот како нус производ на модерното време.
Блага исцрпеност
Во одреден период од животот сите од нас искусиле емоционална исцрпеност. Најчесто се случува кога се подготвуваме за одредена задача како подготовка за испити, проекти или воспитување на деца...
Доживувањето на криза или долгочасовното работење исто така може да доведе до емоционална исцрпеност.
Нашиот ум има способност да издржи одреден период на тензии и да се соочи со тензии, но не предолго. Ова може да доведе до емоционална исцрпеност.
Симптомите кои укажуваат на емоционална исцпеност се иритабилност, недостиг на мотивација, апатија, нарушувања во спиењето и болки во мускулите.
Овој тип на исцрпеност е едноставен одговор на преголема тензија, но одмор, вежбање и добар сон можат да помогнат.
Хронична исцрпеност
Подолгиот период на тензија може да доведе до тоа исрпеноста да премине во хронична.
Во 1974-та година, психијатарот Херберт Фројденбергер направил истражување меѓу неколку работници кои имале симптоми на депресија, но всушност станувало збор за емоционална исцрпеност.
Кај сите испитаници на почетокот се јавила еуфорија за работата, потоа ентузијазмот полека започнал да се намалува и на крајот дошло до целосна исцрпеност. Испитаниците станале цинични, целосно се оддалечиле од своите колеги, а на крајот чувствувале грижа на совест која само довела до понатамошно оддалечување.
На крајот од истражувањето, Фројденбергер заклучил дека се случува една состојба која тој ја нарекол „дехуманизација“ – состојба во која испитаниците повеќе не се во можност да изградат блиски односи со луѓето околу нив.
Оваа состојба се чини логична, кога една личност веќе отрпнува на сопствените емоции, љубовта и емпатијата кон другите луѓе, не е способна да оформи нови пријателства, ниту пак има желба да го направи тоа.
Фази на емоционалната исцрпеност
1. Луѓето сакаат да се докажат на работното место.
2. По извесен период луѓето кои доживуваат емоционална исцрпеност престануваат да се грижат за сопствениот изглед и здравје, ги игнорираат пријателите и помалку комуницираат.
3. Понатаму, преферираат да ги игнорираат или избегнуваат конфликтите што доведува до професионални и лични проблеми.
4. Во четвртата фаза, доживуваат еден тип на губење на индивидуалноста – на еден начин како да стануваат машини.
5. Во последната фаза доаѓа до депресија.
Зошто се случува емоционалната исцрпеност?
Некои истражувачи тврдат дека се случува од внатрешни причини кои доаѓаат длабоко од душата и доведуваат до премореност и неможност за соочување со стресот.
Други дека настанува како резултат на надворешни фактори (притисок од луѓето од страна).
А, трети пак, тврдат дека исцрпеноста е резултат на долгочасовното работење – фактор кој се вклопува во начинот на кој функционира модерното општество.
Како можете да избегнете емоционална исцрпеност?
Најдобар начин е да намалите со часовите во кои се посветувате на вашата работа и најважно од сè да реагирате навреме, пред да се случи емоционалната исцрпеност.
Истата можете да ја избегнете ако си поставите две прашања:
1. Зошто го правам ова што го правам? Какво значење има мојата работа за мене? Дали ја сакам мојата работа?
2. Што ми е најважно во животот? Дали е тоа мојата работа?
Важно е да си ги поставите прашањата, да бидете искрени со себе и да направите некаква промена во вашиот живот...
Н. Г. | Црнобело