Од Бафет до Закерберг: Најуспешните луѓе делат само едно заедничко хоби
Често поминуваме голема количина на време читајќи и истражувајќи како најуспешните луѓе во светот го поминуваат својот живот, што прават, какви хобија имаат - за нивните рутини од наутро, па сè до ноќните режими.
Но, која е главната карактеристика која ги издвојува успешните поединци од останатите, односно што во суштина им е заедничко?
Веројатно нема да верувате, меѓутоа хобито кое ги поврзува сите успешни луѓе, поблиску ви е отколку што мислите - токму тоа го правите во моментот, читате.
По неколку истражувања, најуспешните луѓе поминуваат многу време во читање, но од Ворен Бафет, до Марк Закерберк, она што го разликува нивното читање од она на другите луѓе е времето кое го поминуваат во оваа активност.
Бафет има истакнато, на пример, дека поминува повеќе од 80% од своето време, секој ден, во читање.
Зошто е добро читањето? Покрај тоа што ќе ви помогне подобро да паметите, истото ќе ви помогне и да се релаксирате и да си овозможите малку ментален одмор.
Секако, важно е и што читате. Најуспешните луѓе во светот ретко читаат фикција, а најчесто едукативни книги и биографии кои ги инспирираат и мотивираат за понатамошен напредок.
Која книга ќе ја одберете денес?
Н. Г. | Црнобело