Работи кои вам ве интересираат: 6 прашања кои вие треба да ги поставите за време на интервју за работа

Подготовки за интервју: истражувавте за да бидете сигурни дека сте доволно добро информирани за компанијата, избравте совршена комбинација и дури ги повторувавте одговорите на најчесто прашуваните прашања.

raboti-koi-vam-ve-interesiraat-6-prasanja-koi-treba-vie-da-gi-postavite-za-vreme-na-intervju-za-rabota-01.jpg

Но, кога работодавачот ќе ве праша дали вие имате прашања, молкот е неизбежен - целосно заборавивте да се подготвите за овој дел од интервјуто и сега изгледате или некомпетентно или незаинтересирано. Не паничете, тука сме да помогнеме.

Ова се прашањата кои вие треба да ги поставите на секое интервју за работа:

1. Како изгледа еден типичен ден на оваа позиција?

Веќе имате основно познавање од позицијата откако ќе го прочитате нејзиниот опис, но важно е да запомните дека формалниот опис не е многу детален. Честопати, тие параграфи остануваат непроменети со години, занемарувајќи ги напредувањата во технологијата, промената во персоналот и обврските.

Затоа, ако прашате какви обврски може да очекувате од работата на дневно ниво, тогаш навистина добро ќе се запознаете со работната рутина. Освен обврските, може да дознаете многу повеќе за компанијата, (освен она што го прочитавте на интернет) одделот во кој треба да работите и функциите на вашите колеги.


2. Со кои луѓе ќе работам директно?

Големи се шансите веќе да знаете кој ќе ви е шеф, бидејќи најверојатно таа личност е во собата каде ве интервјуираат. Но, освен тоа важни се и врските со вашите соработници затоа што можат да имаат навистина важна улога во вашиот живот. Па, затоа е добро е да знаете со кој сѐ треба да соработувате.

Овде имате можност да откриете повеќе околу вашата улога во целост – дали позицијата бара да комуницирате со повеќе оддели? Или ќе работите со специфичен тим кој ќе ви биде одреден? Искористете ја оваа можност да откриете повеќе за персоналот. Тоа ќе ви покаже како функционира целата компанија и ќе ви помогне да откриете дали ќе се вклопите таму.


3. Која е најважната способност која треба да се поседува за оваа работна позиција за да се биде успешен?

Да бидеме реални – најголем број описи на работни позиции опишуваат нереални нешта. Затоа, наместо да се опседнувате со какви способности немате, фокусирајте се да дознаете кои се неопходните способности кои ви требаат за да бидете успешни во тоа поле.

Кога ќе го прашате ова, ќе го дознаете најреалниот опис на работната позиција и исто така ќе откриете дали можете да се носите со должностите на работата. На крајот на краиштата, ако бараат некој кој знае повеќе јазици, а вие едвај се сеќавате на азбуката од германскиот јазик што сте ја учеле во основно, тогаш оваа работа баш и не е за вас.


4. Што ви се допаѓа во оваа работа?

Работата опфаќа голем дел од вашиот живот, па затоа, треба да го сакате тоа што го работите. И додека искуствата на другите не се најдоброто предвидување за вашето искуство, сепак е добро да го поставите ова прашање.

Прашајте го оној што ве интервјуира што е тоа што најмногу му се допаѓа работејќи за компанијата. Ако не престане да зборува за различните нешта што ги обожува за работата и вработените, тогаш тоа е добар знак. Но, ако молчи и размислува неколку минути и каже само едно нешто, тогаш размислете малку подобро околу оваа работа.

Однесувањето на вработените е заразно. Па, затоа ако од вас се бара да работите со луѓе кои попрво би биле на некое друго место и вие за брзо време ќе го посакувате истото. Кога ќе го поставите ова прашање го дознавате нивото на задоволство и среќа со вработените – нешто што ќе ви биде важно ако ја добиете работата.


5. Како би ја опишале средината на оваа компанија?

Интервјуата постојат за работодавачот да открие дали вие сте добар избор за таа компанија, но тоа е ваша можност и вие да откриете дали таа компанија е добар избор за вас. Средината во која работите е многу важен дел од искуството на работникот. Замолете го човекот кој ве интервјуира да ви даде краток опис на средината.  Дали е топла, охрабрувачка, наликува на семејство? Дали е полна со позитивна енергија, иновативна и амбициозна?

Обратете внимание кои зборови ги користи за да ја опише. Ако искористи зборови како „брзо развивачка“ и „внимаваат на роковите“ а вие сте некој кој мора да дише во хартиена кеса кога ќе се спомнат рокови, тогаш ќе треба одново да ги процените нештата.


6. Кои се следните чекори во процесот на интервјуирање?

Завршувате со интервјуто, влегувате во автомобилот и се чувствувате како да сте растуриле и наеднаш сфаќате - вие немате поим што ќе се случи следно. Никогаш не прашавте. Дали ќе има уште едно интервју или само ова? Дали ќе ви се јават? Дали ќе ви пишат?

Затоа, пред да се поздравите и да излезете од канцеларијата, бидете сигурни дека сте информирани што може да очекувате од следните чекори. Тоа не само што ќе ви ја намали нервозноста туку и ќе го покаже вашето ниво на заинтересираност за позицијата и целиот процес.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg