Новогодишна забава во канцеларија: Што да носите и како да се однесувате?

Празниците се поврзуваат со јадење, пиење и веселба, но понекогаш тие можат да бидат покомплицирани отколку што изгледаат.

Novogodisna-zabava-vo-kancelarija-sto-da-nosite-i-kako-da-se-odnesuvate

Ако правите забава во канцеларија опкружени со колегите од работа и вашиот шеф, бонтонот е од суштинско значење. Што да носите, колку да пиете, кога треба да пристигнете...

Ова се некои совети за работната етика кои можат да ви помогнат забавата да помине без големи проблеми.

Што да носите? Не треба да носите ништо премногу тесно или кратко што не би го носеле на работа. Исто така, обидете се да бидете формално облечени.

Кога да пристигнете? Ако забавата вклучува оброк, треба да пристигнете на време. Дури и ако нема формален оброк, се препорачува да се појавите во рамките на првите 15 минути од времето предвидено за почетокот на забавата. Забавување до раните утрински часови, исто така, не се препорачува.

Кого да поканите да дојде со вас? Партнерот или пријателите можеби нема да бидат во можност да присуствуваат на вашата канцеларијска забава. Најбезбедно е да прашате дали смеете да поканувате други луѓе кои не работат со вас на забавата.

Да пиете или не? Ова може да биде незгодно. Ако решите да пиете алкохол на забавата, правете го тоа во умерени количини. Ставете си ограничување за да ја имате контролата.

Што да правите? Озборување на соработници или жалење за работа не е добра идеја. Разговорите нека ви бидат оптимистички и позитивни.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg